Економија
Еврото над најниското ниво во 11 месеци спрема доларот

Еврото во четвртокот на меѓународните пазари на валути испеа да се задржи над најниското ниво во 11 месеци во однос на американскиот долар, но ослаби спрема јапонскиот јен
Еврото во четвртокот на меѓународните пазари на валути испеа да се задржи над најниското ниво во 11 месеци во однос на американскиот долар, но ослаби спрема јапонскиот јен, бидејќи инвеститорите уште стравуваат од должничката криза и можната рецесија во еврозоната па го продаваат по секое негово јакнење. Еврото во вакви услови во однос на доларот во текот на денот се задржа во плус од 0,1 отсто и со него се тргуваше по 1,3001 долари. Со тоа единствената европска валута малку се задржа по бранот распродажба која во средата го намали на најниското ниво од јануари годинава од 1,2945 долари на електронската плaтформа ESB. Најниското ниво на еврото во однос на доларот беше забележано на 10-ти јануари од 1,2860 долари.Исто така, еврото го забележа и најниското ниво во последните два месеца од 101,04 јени, што е далеку најниско нови во последните десет години од 100,77 јени, на коишто се спушти во октомври.Еврото ослаби и во однос на швајцарскиот франк, за околу 0,8 отсто на 1.2270 франка. Претходно накусо падна на најниското ниво во декември од 1.2252 франка, под притисокот на одлуката на швајцарската централна банка SNB за задржување на долната граница на курсот од 1,2 франка за евро, што ги разочара инвеститорите коишто подолго време шпекулираат дека ќе биде подигнат со цел да се надмине дефлацијата.Доларот падна речиси еден отсто во однос на франкот и со него се тргуваше по 94,39 сантими, што е близу најниското ниво во текот на денот од 94.04 сантими, на кое се спушти веднаш по објавувањето на соопштението на SNB. Во однос на јенот, пак, беше во минус од 0,2 отсто на 77,91 јени. „Притисокот врз SNB да го зголеми долниот лимит на курсот на еврото во однос на франкот нема да престане имајќи го предвид забавувањето на растот на швајцарското стопанство и проблемите во еврозоната“, вели за Reuters, Крис Тарнер водечки валутен стратег во ING. Еврото само оваа седмица во однос на доларот ослаби за околу три процента, откако минатонеделниот самит на Европската унија не донесе решение за кризата применливо во скорешна иднина, со што би ја повратило довербата меѓу инвеститорите.Во периодот додека стопанството во еврозоната се движи во насока на нова рецесија а во САД последните показатели укажуваат на знаци за заздравување, аналитичарите очекуваат дека кон крајот на годинава еврото ќе остане под притисокот, додека доларот ќе добива поддршка. Најновите извештаи на лондонската компанија „Mаrkit“ покажуваат дека падот на деловните активности во приватниот сектор во еврозоната благо забавил во декември, но и покрај тоа рецесијата и натаму се чини неизбежна, имајќи ги предвид периферните стопанства коишто имаат големи проблеми со долговите./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
СДСМ: Инфлација од 4,4 проценти беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало, реагираат од СДСМ.
Како што истакнуваат, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.
„Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.
Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.
Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард“.
Според опозициската партија, додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси.
„Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.
СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт“.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.
Економија
Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. На средбата се разговараше за напорите на Народната банка за подобрување на пристапот до финансиски услуги, зголемување на финансиската писменост и промовирање на дигиталните финансиски канали.
„Финансиската вклученост е клучен предуслов за повисока економска активност и доход. Народната банка континуирано работи на олеснување на пристапот до финансии, заштитата на потрошувачите и промовирaњето на дигиталните и зелените финансии,“ истакна гувернерот Славески.
Според последните податоци од Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува сметка, што претставува највисоко ниво во регионот на Западен Балкан. Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.
На средбата беше истакнато дека натамошното унапредување на финансиската вклученост, особено кај младите, жените и ранливите групи, е од стратегиско значење за економскиот развој и стабилноста на земјата.
Гувернерот Славески и извршниот директор на АФИ, Ханиг се согласија дека размената на искуствата и соработката меѓу централните банки и меѓународните институции ќе придонесе за натамошно зајакнување на финансиската вклученост и зголемување на довербата на населението во финансискиот систем.
АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и искуства, како и развој на ефективни политики за финансиска вклученост.