Македонија
Ден на македонската полиција

Повеќе пригодни манифестации ќе се одржат денеска по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај
Повеќе пригодни манифестации ќе се одржат денеска по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
Делегација предводена од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска претпладнево ќе положи цвеќе на споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), како и пред зградата на граничната полиција.
Централната манифестација ќе почне напладне во касарната Ѓорче Петров. со постројувањето на почесниот вод на МВР.
Министерката Гордана Јанкулоска ќе одржи поздравен говор, а ќе биде изведена и методско-показна вежба на припадниците на полицијата, како и изложба на фотографии од активностите на припадниците на МВР. /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија.
„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
„Во споредба со Локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив тогаш изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.
Конечниот одзив од изборите ќе биде познат после полноќ, за кога е најавена уште една прес-конференција, според Кондарко.
Генералниот одзив до 18:30 часот за Град Скопје изнесува 46,64%, информира ДИК.
„Три општини, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и општина Врапчиште во моментов имаат помалку од една третина на излезност од вкупниот број на запишани избирачи во ИС. За избран кандидат во првиот круг на гласањето за градоначалник се смета оној кандидат кој добил мнозинство од гласовите под услов во соодветната општина да излегле да гласаат најмалку една третина од запишаните гласачи“, појасни Кондарко.
Според ДИК сите изибирачки места биле навреме отворени. Целокупниот тек на постапката за гласање бил спроведен без никакви проблеми. Сите изборни дејствија беа спроведени согласно Изборниот Закон и упатствата за работа на ДИК, појасни Кондарко.
Македонија
(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови и градоначалници во споредба со локалните избори во 2021 година.
„Ова беа мирни и успешни избори, можеби најпримерните во нашата понова историја. Заслугата е на граѓаните – им благодариме за одѕивот и желбата да ја наградат нашата работа. Очекуваме огромна победа,“ изјави Муцунски.
Тој додаде дека одредени информации за нерегуларности ги гледа како дел од стратегија на СДСМ за изборниот пораз кој следи.
„Тоа е партија со многу проблеми и очекувано е да почне процес на реформирање. Нашата победа ќе биде чиста и јасна, а тоа за нас значи одговорност која не смееме да ја изневериме,“ нагласи Муцунски.
Додаде дека сè уште е рано за првичните резултати, кои, според очекувањата, би почнале да пристигнуваат за околу половина час.
Македонија
„Вреди“: Фер и мирен процес, очекуваме добри резултати и победа во секоја општина

Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини. Според информациите од теренот процесот беше реализиран без поголеми неправилности а мнозинството граѓани го искористија своето гласачко право на најдобар можен начин, беше истакнато од коалицијата „Вреди“ по затворањето на гласачките места.
Од оваа коалиција изразија благодарност до сите граѓани кои учествувале во гласањето, докажувајќи притоа како што беше речено висока демократска и граѓанска свест.
„Оваа е слика што ја посакуваме за нашата земја, еден фер и мирен процес кој покажува дека демократијата се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас“, потенцираа од „Вреди“.
Од оваа коалиција нагласија дека очекуваат добри резултати и победа во секоја општина.
Очекуваат од ДИК фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе во целосна транспарентност, прецизност и професионалност.
Големата излезност во Чаир и во Сарај, ја покажува големата доверба на граѓаните кон политиките на коалицијата „Вреди“, изјавија од таму.