Свет
Русите грешно обвинети за пљачкосување на жртвите кај Катин
Портпаролот на полската влада Павел Грас денеска призна дека неосновано ги обвинил специјалците од руската терористичка единица ОМОН за кражба на кредитни картички при падот на авионот на претседателот Лех Качињски
Полската државна Агенција за внатрешна безбедност во недела оопшти дека жртвите не се ограбени, а подоцна биле подигнати околу 1.500 евра од една кредитна картичка, по што беше соопштено дека местото го обезбедувале руски војници и дека се уапсени четири лица од единицата, а не специјалци од ОМОН.Грас во понеделник за полските медиуми рече дека станува збор за недоразбирање и дека тој и Агенцијата не се разбрале најдобро кој бил уапсен во Русија под сомнение дека наместо да го обезбедува местото, крадел од покојниците.Руското министерството за внатрешни во енделата остро реагираше нарекувајќи ги „богохулни“ изјавате кои во недела беа објавени во Полска дека припадници на руската антитерористичка единица се обвинети за мородерство при уривањето на авионот на претседателот Лех Качињски„Изјавата кои доаѓаат од полската страна за притворање и апсење три припадника на руската сепцијална антитерористичка полиција ОМОН, и наводно постоење сомневања дека со помош на кредитна картичка земена од загинат официјален претставник на полската делегација која патуваше за Катин чиј авион се урна во близина на Смоленск на 10 април е „богохулна и цинича““, беше нагласено во официјалното соопштение на руското министерство за внатрешни работи.Претходно во недела, портпаролот на полската влада, Павел Грас изјави дека според првични информации, три руски специјалца по несреќата кај Смоленск со кражба на кредитна картичка од една од жртвите веднаш симнале средства од неговата банкарска сметка.Станува збор за изјава на Јоланда Пшевожњик според која само неколку часа по загинувањето на нејзиниот сопруг Анджеј Пшевожњик, генерален секретар на полскиот совет за зачувувањето на сеќавањата на војните, биле подигнати пари преку неговата кредитна картичка. Од неговата сметка наводно биле подигнати пари уште во два наврата или вкупно биле украдени преку 1.500 евра.„Активностите на смоленската полицијата која беше надлежна за случајот доби одлични оценки и против нив нејзината работа не била поднесена ниедна жалба. На 8-ми мај во амбасадата на Република Полска, в.д. претседател на Полска, претседателот на Сејмот, Бронислав Коморовски за залагањата во врска со катастрофата одликуваше четворица смоленски полицајци зо Одрен за заслуги за Република Полска“, нагласува руското МВР во соопштението што го пренесуваат агенциите, при што уште еднаш се повоторува дека во таа смисла обвиненијата против полицајците се повеќе од цинични.Авион на полскиот претседател Лех Качињски од типот „Ту-154“ се урна во близина на Смоленск утрото на 10-ти април кога највисока државан делегација одеше на чествување од 70-годишнината од Катинскиот масакр извршен во времето ан сталинистичките чистки врз околу 20 илјади полски офицери, интелектуалци и свештеници. Во несреќата, покрај претседателот загина и неговат сопруга Марија Качињска и уште 94 патници меѓу кои и осум членови на екипажот, а во делегацијата на Полска, беа највисоки раководители на воени и тајни служби, високи свештенички лица, пратеници и директори на државни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е лојален сојузник на САД, но никогаш нема да биде вазал
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Полска е сигурен и лојален сојузник на САД, но дека никогаш нема да биде вазал, ниту на САД ниту на други земји.
„Советот за мир е многу иновативен, многу оригинален потфат, но не сите негови аспекти ѝ одговараат на Полска. И треба да можете да разговарате со вашиот најголем сојузник за тоа. Тие односи не можат да се темелат на тоа некој постојано да кимнува со главата и да се обидува да добие нешто со методот на ласкање. Бидејќи тоа не функционира“, рече Туск утрово пред да замине на неформалниот самит на Европската Унија.
Пристапувањето на Полска во Советот за мир на Трамп беше една од главните теми на Советот за национална безбедност на Полска вчера, каде што претседателот Карол Навроцки, кој е идеолошки близок до движењето MAGA, ја критикуваше владата за одбивање на поканата испратена од најважниот сојузник на Полска.
„Полска е верен, лојален, доверлив, предвидлив сојузник на САД и никој не треба да ме убедува во тоа. Тоа е надвор од дискусија. Секој што ги загрозува тие односи ги поткопува темелите на полската безбедност. Но, Полска во тој сојуз, барем додека сум премиер, нема да биде вазал. Лојален, доверлив, верен сојузник, но не и вазал“, рече денес Туск.
Премиерот додаде дека забележал оти понизноста кон САД не им користи на подлизурковците, а одбивањето на владата да ѝ дозволи на Полска да се приклучи на Мировниот совет, што е контроверзно за многу други земји, го нарече „претпазлив пристап“.
„Можеби околностите ќе се променат. Многу земји што се важни за нас имаат слични или други сомнежи, ние сме во добро друштво. Отворени сме за предлози, но тие мора да бидат безбедни за нашата земја и искрени“, рече Туск.
За време на шестчасовната седница, Националниот совет за безбедност ја разгледа новата европска програма за набавка на оружје и модернизација на воената индустрија – SAFE, каде што на Полска ѝ беа доделени дури 44 милијарди евра меки заеми.
Опозицијата и претседателот се вознемирени од фактот што програмата SAFE не предвидува купување американско оружје, додека премиерот Туск предупреди дека за време на владеењето на сега опозициската конзервативна партија „Право и правда“, која сега лобира за американско оружје, само една четвртина од расходите оделе во домашната полска воена индустрија, додека во владините проекти на Туск финансирани од програмата SAFE, 80 проценти од средствата ќе одат во полската воена индустрија и набавка на оружје.
Регион
„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш
„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1.
На прашањето што конкретно може да направи Европската Унија (ЕУ) за да му помогне на регионот, како и на изјавата на новинарката на Н1 дека парите и предупредувањата не се доволни, дека може да се види дека ЕУ ја губи информациската војна во регионот, особено во Србија, а делумно и во Босна, и дека дипломатскиот јазик не помага, Кос рече дека не прифаќа „критики дека не сме успешни во проширувањето“.
„Две од четирите водечки земји се од Западен Балкан. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, а Албанија е следна. Ова е успех. Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина, а тоа ќе донесе нова реалност во Европа. Ако го забрзаме процесот, ќе ги разгледаме сите кандидати, но мора да има јасна посветеност. Не е доволно само да се хармонизира законодавството, треба да ја почувствувам и видам политичката волја. Процесот на пристапување не е само технички, туку зависи и од земјите-членки“, рече Кос.
На прашањето што мисли за идејата сите земји-кандидатки да влезат во ЕУ одеднаш, Кос рече: „Да можев, би сакала сите земји, особено од Западен Балкан, да влезат заедно“.
„Но, јас не сум магионичар. Ако има промени, внимателно ќе ја разгледаме секоја земја. Проширувањето мора да ја направи ЕУ посилна, а не послаба. Ова е цел што мора да ја постигнеме заедно“, рече Кос.
Свет
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека на следниот формален самит на Европската унија (ЕУ) во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми за контрола на цената на јаглеродот.
Според Јуроњуз, Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области – административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.
Во март, комисијата ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 трилиони евра заштеди што моментално се наоѓаат на банкарски сметки, објави Ројтерс.
Зборувајќи за ETS, претседателката на ЕК нагласи дека системот има елементи што овозможуваат модулација на цената на јаглеродот во случај на негов прекумерен раст или неповолни економски околности, преку таканаречената „резерва за стабилност на пазарот“.
Додаде дека ЕУ детално ќе ги разгледа овие елементи во рамките на планираниот преглед на ETS, кој е закажан за третиот квартал од оваа година, за системот да остане ефикасен и прилагодлив на актуелните економски и климатски предизвици.
Европските лидери се состанаа денес на неформален самит во белгиската покраина Лимбург, а фокусот на разговорот беше конкурентноста на европската економија, пренесува Танјуг. Еден ден претходно, на индустрискиот самит во Антверпен, претставниците на европската индустрија ги презентираа своите приоритети пред највисоките претставници на ЕУ, барајќи пониски цени на енергијата, намалување на регулаторните оптоварувања и посилна конкурентност во споредба со Кина и Соединетите Американски Држави.

