Свет
Новинарот кој го удри со чевел Џорџ Буш објави книга
Ирачкиот новинар Мунтадар ал Саид, кој стана познат кога пред точно две години фрли со својот чевел врз американскиот претседател Џорџ Буш во Багдад. денеска во Бејрут ја потпишуваше својата книга „Последен поздрав претседателе Буш“.Ал Саид намерно го испланирал потпишувањето на неговата книга со втората годишнина од настаните кои се случија на 14 декември 2008 година, на заедничката конференција во Багдад на Буш и на ирачкиот премиер Нурија ал Малики.Во својата книга Саид зборува за моментите кои му претходеа на овој инцидент кој го направи познат, но поради кој мина девет месеци во затвор, од кои три месеци во самица.Исто така, тој во книгата ја изнесува и тортурата која ја претрпел во затворот, како и страдањата на ирачкиот народ од кога започнала Заливската војна во 1991 година.Ал Саид поднел тужба до швајцарскиот суд против Малики, бидејќи бил мачен во затворот и очекува дека налогот за апсење на ирачкиот премиер ќе биде издаден за неколку дена./крај/блиц/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на Џон Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг.
„Многу луѓе го чекаа ова долго време, со децении“, рече Трамп. „Сè ќе биде откриено“.
Претседателот побара пенкалото со кое ја потпиша наредбата да му се даде на Роберт Кенеди Џуниор, син на Роберт Кенеди, внук на Џон Ф.
Претседателот Џон Ф. Кенеди беше убиен во 1963 година, додека неговиот брат Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, два месеца откако Кинг, најпознат борец за граѓански права беше убиен во Мемфис.
Многу документи поврзани со истрагите беа објавени во текот на годините, иако илјадници од нив сè уште остануваат доверлици, особено оние поврзани со Џон Ф. Кенеди.
Свет
(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни летала кои се упатиле кон руската престолнина.
Собјанин на Телеграм напиша дека единиците за противвоздушна одбрана југоисточно од главниот град во областите Коломна и Раменскоје одбиле група непријателски беспилотни летала, без да прецизира за колкумина станува збор.
„Нема штета или жртви на местото каде што паднаа фрагментите. Специјални тимови за итни случаи се на лице место“, напиша Собјанин на апликацијата за пораки.
Градоначалникот за краток период даде уште две најави. Тој рече дека два беспилотни летала, исто така, насочени кон Москва, биле соборени во областа Подолск, јужно од главниот град. Тој потоа пријавил соборување на дрон во областа Троицк, југозападно од главниот град.
Специјализирани тимови за итни случаи се испратени на сите локации, рече Собјанин.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека уништило 49 украински беспилотни летала во период од три часа доцна навечер во четвртокот, од кои повеќето биле над регионот Курск во близина на украинската граница.
Министерството во извештајот на Телеграм соопшти дека 37 беспилотни летала биле уништени само во регионот Курск, каде што украинските сили држат дел од територијата по големиот упад во август минатата година.
Во соопштението на министерството се наведува дека беспилотните летала се уништени и над пограничните региони Брајанск и Белгород и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.
Но, на социјалните мрежи се шират видеа од густ црн чад и огромен пожар од рускиот град Рјазан на западот на земјата, на околу двесте километри од Москва. Се чини дека некои од нападите со украински беспилотни летала навистина погодија цел, имено нафтена рафинерија Роснефт.
Several Fires seen burning and Smoke rises from the City of Ryazan in Western Russia, 122 Miles to the Southeast of Moscow, following a Large-Scale Ukrainian Drone Attack against the Rosneft Oil Refinery. pic.twitter.com/xU1N74doTN
— OSINTdefender (@sentdefender) January 23, 2025
Едно видео покажува огромна огнена топка која се издигнува над рафинеријата и луѓето во близина бегаат.
A Massive Fireball seen rising into the Sky from the Rosneft Oil Refinery in the City of Ryazan, following what was likely a direct hit from a Ukraine Drone. pic.twitter.com/R0SG1R2s4M
— OSINTdefender (@sentdefender) January 23, 2025
Шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана, Андреј Коваленко, изјави дека рафинеријата за нафта Рјазан е еден од клучните капацитети во руската нафтена индустрија, иако е под санкции.
„Рафинеријата игра важна улога во снабдувањето со гориво на цивилниот и воено-индустрискиот комплекс на Русија“, рече тој на Телеграм.
„Произведува гориво за воена опрема, авијациски керозин, дизел гориво и други видови нафтени деривати кои се користат во тенкови, авиони, бродови и друга опрема на руските вооружени сили.
Нападот доаѓа во време на пораст на операциите на украинските беспилотни летала насочени кон руската енергетска инфраструктура. Украина ја таргетира руската инфраструктура за фосилни горива како дел од нејзината стратегија да го поткопа клучниот извор на финансирање на руските воени напори.
Свет
Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“
Американскиот бизнисмен Френк Мек корт е отворен за здружување со други купувачи во обид да ги преземе операциите во САД на кинеската „Тик-ток“, зделка што се проценува на 20 милијарди долари, со единствениот услов да има контрола над него, изјави тој за Ројтерс на маргините на Светскиот економски форум.
Милијардерот одби да даде детали за неговите извори на финансирање.
„Прашањето тука не е капитал. Станува збор за чекање (сопственикот) „Бајт денс“ или кинеската влада да донесат одлука за иднината на мрежата“, рече Мек курт.
Неговата понуда дојде веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за популарната апликација за кратко видео во кинеска сопственост за 75 дена.
Трамп, исто така, оваа недела рече дека „би сакал Соединетите држави да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничко вложување“ во „Тик-ток“.
Лобирачката група на Мек курт, „Проџект Либерти“, поднесе понуда за купување на „Тик-ток“ на почетокот на јануари, со планови да им се овозможи на корисниците да изберат како ќе се користат и споделуваат нивните податоци. „Тик-ток“ поднесе тужба за блокирање на забраната за неговото работење во САД, но Врховниот суд на САД ја потврди со одлука минатата недела.
Можноста за стекнување сопственост на една од најпознатите светски платформи за споделување видео, или барем нејзината публика во САД, привлече долга листа на луѓе и правни лица од светот на финансиите, технологијата и забавата.
Многумина во орбитата на Трамп или со блиски врски со американскиот претседател беа заинтересирани за „Тик-ток“ откако забраната од САД стана можност под администрацијата на претседателот Џо Бајден. Поранешниот министер за финансии Стивен Мнучин во март изјави дека формира конзорциум од инвеститори за купување на „Тик-ток“.