Свет
Шаман предвиде пад на популарноста на Обама
Главниот шаман на Мексико, Антонио Васкез Алба, предвиде дека во 2011 г. популарноста на американскиот претседател Барак Обама ќе падне и тој нема да биде реизбран.„Оваа година ќе биде страшна, врз Обама ќе биде извршен притисок, како од внатрешната ситуација во земјата, така и од состојбите во светот. Републиканците ќе ги блокираат иницијативите на американскиот претседател. Претстојната кампања за неговиот реизбор ќе биде тешка, а повеќето влијателни политичари и претставниците на бизнисот ќе бидат против неговиот втор мандат“, изјавил Антонио Васкез Алба на прес-конференција во мексиканскиот главен град.Економскиот раст на Кина ќе продолжи со забрзано темпо, но во 2011 г. оваа земја ќе биде погодена од силни земјотреси и урагани, предвидува водечкиот шаман (локален волшебник поклоник на древните верувања и мистични ритуали) на Мексико.Според неговото предвидување, основачот на фамозната интернет страница Wikileaks, Џулиан Асанж во 2011-та го очекува завршување на прогонот од страна на САД и на другите негови непријатели во светот. Како што „велел“ Алба, тоа ќе се оствари по договорот со кој Асанж ќе престане со објавување на доверливите информации во замена за слобода и економски придобивки.Мексико, според негово мислење, во 2011 г., повторно го очекува зголемување на криминалот и корупцијата.Алба на почетокот од секоја година, на прес-конференција за медиумите дава предвидувања за тоа што ќе се случува наредната година.На многу начини, неговите предвидувања станале вистинити. На пример, тој не згреши кога предвиде дека мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ќе објави тотална војна против организираниот криминал и трговијата со дрога во којашто ќе има многу жртви. Во текот на четирите години на претседателствувањето на Калдерон, досега во војните на нарко картелите меѓу себе и со безбедносните сили, убиени се повеќе од 30 илјади Мексиканци./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.

