Свет
Вен Џиабао: Пекинг сака мир на Корејскиот полуостров
Кина сака мир на Корејскиот полуостров, рече кинескиот премиер Вен Џиабао денеска во Сеул.
Кина сака мир на Корејскиот полуостров, рече кинескиот премиер Вен Џиабао денеска во Сеул. Изјавата доаѓа во момент кога расте напнатоста во регионот по потопувањето на јужнокорејски брод, за што се обвинува Пјонгјанг. „Кина е истрајна во поддршката на мирот и стабилноста“, рече претседателот на кинеската влада. Јужнокорејскиот брод беше потопен на 26-ти март, при што загинаа 46 јужнокорејски морнари. Според истрагата на Сеул, торпедо испалено од севернокорејска подморница е причина за несреќата. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Гаспром“ најави дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.
Како што е најавено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за снабдување со Молдавија.
Русија, преку Украина, ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.
Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.
Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, откако Киев објави дека нема да го продолжи договорот за транзит со Гаспром.
Суспендирањето на испораките на Молдавија го означува почетокот на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.
Свет
Претседателот на Азербејџан: Меѓународната комисија почна да ги истражува причините за падот на авионот
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека меѓународната комисија почнала да ги истражува причините за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, што се случи на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан.
Алиев рече дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил изложен на надворешно влијание во рускиот воздушен простор и дека пилотот последователно ја изгубил контролата над леталото, пренесе РИА Новости.
Во денешниот телефонски разговор со Алиев, Путин детално разговарал за прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин се извинил за фактот што трагичниот инцидент се случил во рускиот воздушен простор и уште еднаш изразил длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакал брзо закрепнување.
Во разговорот меѓу Путин и Алиев било истакнато дека азербејџанскиот патнички авион повеќепати се обидел да слета на аеродромот во Грозни кога руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите на украинските беспилотни летала.
Во моментов, двајца службеници на Јавното обвинителство на Азербејџан се во Грозни, каде работат заедно со претставници на Јавното обвинителство и Истражниот комитет на Руската Федерација.
Надлежните служби на Русија, Азербејџан и Казахстан тесно соработуваат на местото на падот на патничкиот авион во близина на градот Актау.
Авионот се урна во средата за време на планираниот лет од главниот град на Азербејџан, Баку, за Грозни во Чеченија, откако беше пренасочен и се обиде да изврши принудно слетување во близина на градот Актау во западен Казахстан.
Во авионската несреќа загинаа 38 лица, а 29 беа повредени, од кои многумина се здобија со тешки изгореници.
Свет
(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел да слета во Грозни, Чеченија во средата. Во своите коментари, Путин не кажа дека руската воздушна одбрана го погодила авионот, пишува „Си-ен-ен“.
Авионот не можел да слета и се пренасочил кон исток, а на крајот се урнал во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 лица.
Не е потврдено што се крие зад инцидентот, но американски официјален претставник изјави за „Си-Ен-Ен“ во четвртокот дека раните индикации укажуваат дека руски противвоздушен систем можеби го соборил патничкиот авион.
Путин се извини за фактот што трагичниот инцидент се случи во рускиот воздушен простор во телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ соопшти дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Грозни, но во исто време областите Грозни, Моздок и Владикавказ биле нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле овие напади.
Рускиот истражен комитет отвори случај во врска со катастрофата, се вели во соопштението.
Во изјавата во петокот, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха рече дека руските медиуми лажеле за причината за падот, додавајќи дека Москва го принудила оштетениот авион да го премине морето, најверојатно во обид да ги скрие доказите за нивното злосторство.