Скопје
Почна изградба на нов парк во Ново Лисиче покрај кејот на Вардар
Во вторник почна изградба на нов парк покрај булеварот „Февруарски поход“, поточно кај последната автобуска станица број 5 покрај кејот на реката Вардар.
Во вторник почна изградба на нов парк покрај булеварот „Февруарски поход“, поточно кај последната автобуска станица број 5 покрај кејот на реката Вардар.
Новиот парк што ќе го гради јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, ќе се простира на површина од 9 хектари и ќе содржи пешачки патеки, летниковци, чешми, клупи, корпи за отпадоци, жардиниери и друга урбана опрема, повеќенаменско спортско игралиште, детски игралишта и се разбира, многу зеленило. Во паркот се планира да се насадат повеќе видови зимзелени и листопадни дрвја, нискостеблести растенија, трева и цвеќе.
„Со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде уште едно пријатно катче за престој во Општина Аеродром, во кое, убеден сум, сите генерации ќе си најдат свој простор“, рече на прес-конференцијата градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.
На тој начин, додаде тој, локалитетот на којшто ќе биде изграден паркот од запуштен простор ќе се претвори во зелен и модерен појас, каков што естетски му прилега на едно урбано крајбрежје покрај реката Вардар.
Градоначалникот Трајановски, пак рече дека со изградбата на овој парк ќе се придонесе во подобрувањето на животната средина во Општина Аеродром.
Вредноста на оваа инвестиција ќе биде околу 16 милиони денари. Со овој проект продолжува традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење паркови во новопроектирани зони во Аеродром, како карактеристично обележје, по кое стана позната и препознатлива општината, во која последниве неколку години се изградени околу 100.000 квадратни метри нова зелена површина во Општина Аеродром./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

