Контакт

Свет

Менаџерскиот џеб тајна за државата

Објавено пред

Најголемата плата во земјава изнесува 40.000 денари. Ова е официјалната бројка што ја регистрира Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

НЕМА СТАТИСТИКА КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ ПАРИ

Радмила Ј. Николовска – Спасијка Јиванова

Најголемата плата во земјава изнесува 40.000 денари. Ова е официјалната бројка што ја регистрира Државниот завод за статистика. Дали има лични доходи повисоки овој износ и колкави се тие, никој официјално не кажува. Платите на банкарите, на менаџерите во телекомуникациските и во осигурителните компании, кои според неофицијалните информации се движат од 4.000 до 10.000 евра, се енигма за статистичарите. И самите менаџери ги кријат своите баснословни примања.

Во анкетата за работна сила за 2005 година, Заводот за статистика ги евидентира овие вработени во групата за плати од 40.000 денари и повеќе. Во земјава лани од вкупно 543.036 вработени, само 2.527 граѓани имале плата поголема од 700 евра.

статистика без реални броЈки

Во Заводот велат дека лицата што имаат поголеми примања избегнуваат да ги пријават своите лични доходи или даваат лажни податоци.

– Нашите луѓе што вршат анкети на терен не наидуваат на голема соработка. Се случува граѓани што имаат куќи на четири ката и возат луксузни џипови да пријават месечни примања од 15.000 денари. Сите знаеме дека такво царство не се стекнува со толку мала плата. Во некои случаи, граѓаните дури одбиваат да зборуваат за своите плати и прашуваат зошто ни се такви податоци – објаснуваат во Заводот за статистика. Оттаму тврдат дека податоците во анкетата за работна сила се точни, но дека не ја одразуваат вистинската слика во земјава.

Статистичарите велат дека најголеми проблеми имаат со директорите во телекомуникациските компании, кои одбивале да кажат колкави се нивните месечни примања.

Во Управата за јавни приходи воопшто немаат податоци за висината на платите во земјава бидејќи фирмите не ги уплаќале даноците за плати за секој вработен одделно, туку за сите одеднаш.

– Даночните инспектори редовно контролираат дали фирмите прикажуваат точни податоци за платите. Досега не се евидентирани злоупотреби, особено не кај телекомуникациските компании. Таму се е регуларно – тврдат во УЈП.

Експертите не ги прифаќаат оправдувањата на надлежните институции дека не е можно да се види колкави се платите во државава. Според професорот на Економскиот факултет во Скопје Живко Атанасовски, Управата за јавни приходи, ако сака, може индиректно преку персоналниот данок да утврди колкави плати исплаќаат претпријатијата.

УЈП мора да ги знае платите

– Сите имаат обврска да го пријават точниот износ на платите за да може државата да располага со реални податоци со кои ќе ја креира економската политика. Управата за јавни приходи не смее да биде затворена институција. Кај нас менаџерите не ги кажуваат платите оти никој не ги гони за тоа. Некои од нив и ги прикриваат платите со тоа што еден дел од сумата ја исплаќа во готово. На тој начин губи државата – дециден е професорот Атанасовски.

Единствено се знае дека најниската плата е 3.000 денари и неа ја добиваат вработените во текстилната и во кожарската индустрија. Во минатата година 5.665 вработени имале плата од 50 евра.

Синдикалците укажуваат дека расте бројот на вработените чии примања се минимални. Во Сојузот на синдикатите на Македонија сметаат дека тоа е резултат на експлоатацијата на работниците, особено во текстилните и во кожарските претпријатија.

– Газдите се алчни за што поголем профит. За да остварат поголем профит, ги намалуваат платите на работниците и поставуваат неостварливи норми. Добивките од зголеменото производство завршуваат на нивните конта, а не во џебот на работникот – вели Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот на металците, енергетичарите и на рударите (СМЕР).

Според него, овие примери се најизразени во текстилната и во индустријата за преработка на кожа, каде што се случувала класична експлоатација на трудот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Шведски ловци пресретнаа руски борбени авиони над Балтикот, Русија објави снимка од летот

Објавено пред

Борбени авиони на шведските воздухопловни сили вчера, 22 јануари, пресретнаа руски бомбардер Ту-22М придружуван од два ловци Су-35С над Балтичкото Море.

dobivaj vesti na viber

Средбата се случила во меѓународен воздушен простор во близина на воздушниот простор на НАТО, што ја истакнува фреквенцијата на руските воздушни мисии кои рутински предизвикуваат реакции од воздушната полиција на Алијансата, објави „Army Recognition“.

Шведските авиони за брза реакција (QRA) беа активирани откако мрежите за надзор открија руска формација над Балтикот, област со густ воен сообраќај каде што летовите често се одвиваат без транспондерски сигнали или најавени планови за лет.

Во согласност со стандардната практика на воздушно полициско работење на НАТО, шведските ловци визуелно ги идентификуваа авионите, ги следеа на безбедно растојание и потврдија дека нивната траекторија остана надвор од воздушниот простор на Алијансата.

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се прикажани два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 во, како што наведува, „планиран лет“ над неутралните води на Балтичкото Море. Москва соопшти дека летот бил извршен во целосна согласност со меѓународното право, пренесува „Еуроњуз“.

Министерството во соопштението наведува дека бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Су-35 и Су-30 и дека летот траел околу пет часа.

„Придружбата ја обезбедиле екипажите на борбените авиони Су-35 и Су-30 на Воздухопловните сили. Времетраењето на летот било околу пет часа. Во одредени фази од рутата, бомбардерите биле придружувани од борбени авиони на странски земји“, се вели во соопштението.

Москва нагласи дека сите летови на руските воздухопловни сили се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и редовно се одвиваат над неутралните води на Арктикот, Северноатлантскиот, Тихиот Океан, Балтичкото и Црното Море.

Прикажи повеќе...

Европа

Украинскиот министер за одбрана: Разговаравме за параметрите за завршување на војната

Објавено пред

Во Абу Даби се одржа трилатерален состанок на украински, американски и руски делегации за да се разговара за параметрите за завршување на војната и идниот процес на преговори, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Покрај Умеров, украинската делегација ја сочинуваа Кирил Буданов, Давид Арахамија и Сергеј Кислицја. Специјалниот претставник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Џош Груенбаум и генералите Даниел Дрискол и Алексус Гринкевич присуствуваа на консултациите во име на САД. Руската делегација ја сочинуваа претставници на военото разузнавање и вооружените сили.

Централна тема на состанокот беа параметрите за завршување на војната и понатамошната логика на процесот на преговори со цел постигнување достоен и траен мир. Дополнителни состаноци се закажани за утре, кога на украинскиот тим ќе му се придружат началникот на Генералштабот, генерал Андриј Хнатов, и заменик-началникот на Службата за одбранбено разузнавање на Украина, генерал-потполковник Вадим Скибицки.

Умеров изјави дека по секоја фаза од преговорите, до украинскиот претседател Володимир Зеленски се доставува извештај. Тој нагласи дека украинскиот тим дејствува координирано во рамките на задачите поставени од претседателот и е подготвен да работи во различни формати, во зависност од текот на дијалогот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Објавено пред

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе продолжат утре, објави Скај њуз. Оваа информација беше потврдена и од американски и од руски извори.

dobivaj vesti na viber

На социјалната мрежа Икс се појавија и првите снимки од состанокот меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби.

Соопштение од Белата куќа
„Денешната трилатерална средба во Абу Даби меѓу САД, Украина и Русија беше продуктивна. Разговорите ќе продолжат утре“, изјави функционер на Белата куќа за американската мрежа NBC News.

Според руската државна новинска агенција ТАСС, страните се согласија и да ги продолжат разговорите утре.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа1 час

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа1 час

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија2 часа

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ5 часа

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија5 часа

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија6 часа

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија7 часа

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија7 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија8 часа

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија9 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија9 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија10 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија10 часа

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет13 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет13 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија14 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет15 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет15 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет15 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....