Македонија
МЗ : Сите барања на Лекарската комора се исполнети

Сите досега преземени обврски и ветувања од страна на Министерството за здравство кон Лекарската комора се исполнети. Лекарската комора е вклучена во сите клучни фази од реализацијата на проектите на Министерството за здравство.
Вака реагираат од МЗ по денешниот став на Лекарската Комора на Македонија дека не им се озаконети барањата и дека не се информирани за промените и одлуките во здравствениот систем.
„Во насока на натамошно унапредување на дијалогот и соработката, МЗ предлага ЛКМ да определи свој официјален претставник на којшто Министерството е подготвено да му понуди соодветна канцеларија во зградата на Министерството со што ќе се обезбеди тековно информирање и вклученост на дневна основа на ЛКМ во сите проекти“, се вели во соопштението од Министерството.
Од Министерството за здравство информираат дека меѓу другото, барањето на комората да се формира координативна тело во коешто ќе учествуваат претставници на ЛКМ, МЗ и ФЗОМ е исто така прифатено и е предложено како законско решение во последната измена на Законот за здравствена заштита (законот е во владина процедура).
„Министерството за здравство и министерот д-р Бујар Османи ја сметаат и се однесуваат кон Лекарската комора како кон рамноправен партнер со кој се усогласуваат сите решенија кои се однесуваат на лекарската фела, но и на функционирањето на здравствениот систем“ се вели во соопштението од МЗ./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).