Контакт

Спорт

По трагедијата во Порт Саид тројца египетски репрезентативци ја завршија кариерата

Објавено пред

По трагедијата предизвикана од навивачките безредија по мечот меѓу египетските фудбалски прволигаши Ал Масри и Ал Ахли во Порт Саид во кои загинаа 79 луѓе а повеќе од 200 беа повредени, тројца египетски репрезентативци го објавија завршувањето на нивните играчки кариери.

dobivaj vesti na viber

По трагедијата предизвикана од навивачките безредија по мечот меѓу египетските фудбалски прволигаши Ал Масри и Ал Ахли во Порт Саид во кои загинаа 79 луѓе а повеќе од 200 беа повредени, тројца египетски репрезентативци го објавија завршувањето на нивните играчки кариери. Фудбалерите на Ал Ахли, 33-годишниот Мохамед Абутрика и 35-годишниот Мохамед Баракат коишто за египетската фудбалска репрезентација одиграа вкупно повеќе од 70 настапи ја прекинаа кариерата изјавувајќи дека веќе никогаш нема да играат фудбал. Барем привремено кариерата ја заврши и нивниот соиграч 28-годишниот Емад Мотеаб , но тој сепак остави простор за враќање на фудбалските терени изјавувајќи дека „на фудбалот ќе му се вратам кога тоа ќе ми го дозволат семејствата на трагично настраданите навивачи“. Репрезентацијата на Египет ги освои последните три титула шампион на Африка, а со вкупно седум тутули е рекордер на континентот. Шокиран од грозоморните сцени на трибините во Порт Саид, тренерот на Ал Ахли, Португалецот Мануел Жозе побара веднаш раскинување на договорт за што побрзо да се врати во татковината, а оставки поднесоа и тренерот и претседателот на клубот Ал Масри, Камел Абу Али и Хосам Хасан./крај/хи/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Објавено пред

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.

dobivaj vesti na viber

Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.

Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.

Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.

И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.

Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Манчестер јунајтед заинтересиран за Воткинс и Шешко

Објавено пред

Манчестер јунајтед, откако ги засили крилните позиции во нападот со Матеуш Куња и Брајан Мбуемо, се пушти во потрага по класична „деветкс“. Клубот ќе се фокусира на ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг, репрезентативците на Англија и Словенија, Оли Воткинс и Бенјамин Шешко.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми истакнуваат дека Воткинс и Шешко се на врвот на листата на желби на „Црвените ѓаволи“, доколку клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да доведе напаѓач во летниот преоден рок.

Се наведува и дека челниците на Манчестер јунајтед се согласуваат дека клубот мора да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека тоа можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.

Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е премногу за Манчестер јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.

Би-Би-Си објави дека бројни европски клубови се заинтересирани за Шешко. Шешко одигра 45 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг минатата сезона и постигна 21 гол. Се претпоставува дека Лајпциг за него бара помеѓу 70 и 75 милиони евра.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце

Објавено пред

Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант се на мета на Кил.

Милосављев е во Берлин од 2019 година, дојде во тимот откако ја освои европската титула со Вардар.

Минатата сезона, „Лисиците“ го продолжија договорот со првата ѕвезда на тимот, Матијас Гидсел, до 2029 година, и се чини дека во буџетот немаат доволно пари за да го продолжат договорот и со голманот.

Кјелце е во пад со години, по два настапи во финалето на Лигата на шампионите, сезоната пред минатата беше елиминиран во четвртфиналето, а претходната сезона веќе во првата нокаут рунда.

Веќе две години, тимот на Талант Дујшебаев го губи приматот во Полска од Висла од Плоцк. Ова лето, најголемото засилување е словенечкиот ас Алекс Влах од Алборг. Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица, десен бек на Загреб, заедно со Милосављев, ќе пристигне следното лето.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија3 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија4 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија5 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија5 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија5 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија7 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет7 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион8 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет9 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија18 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет20 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион22 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија1 ден

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...