Свет
Вработувањата на факултетите
Не можеме да им наложиме на факултетите да го забранат вработувањето по роднински врски, но сепак ја поздравуваме таквата забрана на Економскиот факултет, бидејќи тоа е етичка одлука.
Мери Јордановска
Не можеме да им наложиме на факултетите да го забранат вработувањето по роднински врски, но сепак ја поздравуваме таквата забрана на Економскиот факултет, бидејќи тоа е етичка одлука.
Ова е ставот на Министерството за образование по сознанијата дека на голем број факултети на скопскиот универзитет синовите и ќерките на професорите работат како асистенти на истите институти.
– Ние не можеме да им наложиме на факултетите како да постапуваат. Сепак, Државниот просветен инспекторат има надлежност да ја контролира постапката во изборот на нови звања на факултетите. Ова тело треба да реагира на секоја жалба на одбиен кандидат, ако на негово место неправедно биде поставен син или ќерка на некој професор – велат од Министерството за образование.
Од Државниот просветен инспекторат велат дека често се случува кандидатите за работни места на факултетите да се жалат поради лошата процедура за вработување. Таму досега стигнале десетици жалби од кандидати, а голем број од нив завршиле и на суд.
– Точно е дека при вработувањето на факултетите има слабости. Кај нас се жалат голем број кандидати. Некои од нив се револтирани поради тоа што професорите не прават рецензии за сите кандидати за едно работно место, туку „прескокнуваат“ многу кандидати без да направат рецензија. Кога просветните инспектори ќе направат проверка, ако тоа е вистина, ние кандидатите ги браниме и на суд – вели Благородна Лакинска, директорка на Државниот просветен инспекторат.
Таа вели дека пред две години бил поништен конкурсот за прием на асистент на Педагошкиот факултет во Штип, бидејќи еден од кандидатите се жалел на непотизам во постапката. Инспекторите го поништиле конкурсот, а потоа на работното место бил примен друг кандидат.
– Ние не реагираме за тоа кои личности се примаат на работните места, туку реагираме за неправилности во постапките за вработување. Такви неправилности навистина има, но инспекторите прават записник само ако некој кандидат поднесе жалба до нас – изјави Лакинска.
Универзитетски извори велат дека речиси и да нема факултет во земјава на кој не работат синови или ќерки на професорите. Така, синот на професорот по уставно право од Правниот факултет Саво Климовски, Александар, работи како асистент по два предмети: право на друштва и трудово право. Внуката на професорката по облигациско право Мирјана Поленак, Неда Здравева, е асистентка по истиот предмет. На тој факултет работат професорот по управно право Наум Гризо и неговата ќерка Меланија, асистентка по историја на правото. На Природно-математичкиот факултет, на Институтот по информатика, работат професорот Смиле Марковски и неговиот син Јасен, како асистент.
На Машинскиот факултет, меѓу другите, работи и професорот Тодор Аџиев, а асистент е неговиот син Ѓорѓи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.
Регион
Црна Гора се поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез
Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската Унија. Европската комисија, во документ презентиран во Брисел во вторник, изјави дека земјата постигнала значителен напредок и дека би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година ако го задржи сегашното темпо на реформи, објави ДВ.
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, изјави дека Црна Гора е „најподготвена за членство во ЕУ од сите земји-кандидатки“, нагласувајќи дека проширувањето на Унијата е реална можност во наредните години.
Комесарот за проширување, Марта Кос, додаде дека се приближува времето кога Брисел ќе започне со подготовките за склучување на Договор за пристапување со Црна Гора.
Црна Гора минатата година затвори четири преговарачки поглавја, а планира да затвори уште до крајот на годината. Европската комисија нагласува дека е клучно да се одржи стабилен напредок во реформите и политичкиот консензус, за да може процесот на преговори да се заврши до крајот на 2026 година.
Амбасадорот на Европската Унија во Црна Гора, Јохан Сатлер, го нарече ова „најдобриот извештај на Европската комисија за Црна Гора досега“, но предупреди дека следните 14 месеци ќе бидат клучни, особено во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Премиерот Милојко Спајиќ рече дека ова е најпозитивниот извештај досега, нагласувајќи дека Црна Гора постигнала напредок во 18 од 33 преговарачки поглавја. „Ги гледам препораките од Брисел како патоказ за Владата и Парламентот“, рече тој.
Германскиот амбасадор Петер Фелтен оцени дека Црна Гора „постигнала значителен напредок во сите поглавја“ и дека препораките се силен водич кон исполнување на преостанатите услови за членство.
фото: принтскрин
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.

