Македонија
????: ???????? 2.600 ????????? ?? ????? ???, ?????????????? ? ???? ???????
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) тврди дека најмалку 2.600 лица го тужат Министерството за внатрешни работи за несоодветно исплаќање на трошоците за храна и превоз и дека наводно МВР е пред финансиско фијаско.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) тврди дека најмалку 2.600 лица го тужат Министерството за внатрешни работи за несоодветно исплаќање на трошоците за храна и превоз и дека наводно МВР е пред финансиско фијаско.Синдикалците се пожалија на притисоци врз тужителите од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која наводно како што велат во изминатите две недели преку свои структури во рамките на МВР ги уценувала да ги повлечат тужбите.„Го повикувам премиерот, свесни сме дека се наоѓа во предизборна кампања, да навлезе во проблемот. Сигурен сум дека се уште не е свесен дека веќе поединечни структури кои се во финансискиот сектор во МВР најавуваат банкрот на МВР. Непочитувањето од пред четири години на вработените во секторот за финансии и министерот за внатрешни работи доведе до ваква состојба, со која не се фалиме туку само потенцираме дека ќе се случи финансиско фијаско во МВР“, рече Гоце Делчев од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Кронислав Мантаровски, од Независниот полициски синдикат на Македонија, рече дека министерството кое треба 24 часа да им служи на граѓаните, се соочува со недостиг на пари и средства, поради кои вработените не можат активно и професионално да ја завршат својата работа. Вели дека веќе четири години во МВР ниту еден полицаец нема добиено нова униформа, и полицајците носат стари и искинати униформи.„Зошто вработените во МВР да ги остваруваат своите права преку тужби и по судски пат по разни основи кои и онака ни следуваат и судот веднаш досудува во наша корист?“, прашуваат од Независниот полициски синдикат.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска ги отфрли обвинувањата на синдикатите.„Вообичаено не давам коментар за нешто што не сум слушнала, но од она што вие го прераскажавте гледам дека тоа е целосно неосновано и нема врска со реалноста што само покажува дека се работи за луѓе кои не се доволно сериозни и не ги познаваат работите“, рече таа за тврдењата на Конфедерацијата на синдикални организации.КСОМ најави дека веќе се во завршна фаза подготовките за тужби на 1.200 вработени и во министерството за одбрана, поради „разлика од 1.700 денари од месец по вработен, која не знаеле каде завршува“.„Само можеме да се сомневаме дека одат на партиски сметки или на сметки на одредени вработени во Владата во МВР“, велат од Конфедерацијата на синдикални организации./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

