Македонија
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела
Значителни измени во сообраќајни режим најавени се за во недела, кога е предвидено да се одржи протестниот марш на опозицијата низ скопските улици.Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 05.12. (недела), во период од 05:00 часот до 18:00 часот ќе биде забранет сообраќајот на делницата од крстосницата на ул.„Димитрие Чуповски“ и ул.„Даме Груев“, сe до крстосницата на ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“. Сообраќајот ќе биде забранет и по бул.„Партизански одреди“,и тоа од крстосницата на ул.„Московска“, па до бул.„ВМРО“, и тоа во период од 11:30 часот до 13:00 часот десната коловозна лента во правец од Општина Ѓорче Петров кон Општина Центар, а од 11:30 часот до 12:30 часот и левата коловозна лента.Автобусите на јавниот градски сообраќај, коишто вршат превоз на линиите 3; 3A; 3Б; 4; 4A; 5; 7; 7Б; 15; 21; 22; 23; 24; 26; 50; 57; 59 и се движат по ул.„11 Октомври“ и ул.„Димитрије Чуповски“ во насока кон исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Железничка“, а автобусите на линија бр. 16 ќе сообраќаат преку Југодрво до Бит-пазар и Железара.Автобусите на јавниот градски сообраќај, коишто се движат во правец кон запад (Карпош) ќе бидат пренасочени по бул.„Кочо Рацин„ и ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ и тоа линиите 3; 3A; 3Б; 4; 4A; 5; 7; 7Б; 15; 21; 22; 23; 24; 26; 50 (од Бит-пазар преку Југодрво); 57 (од Бит-пазар преку Југодрво); 59 (од Бит-пазар преку Југодрво), а возилата на линија бр. 16 ќе сообраќаат од Бит-пазар преку Југодрво до Пржино, притоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта. Автобусите на јавниот градски сообраќај коишто во дадениот период се движат по бул.„Партизански одреди“ од Општина Ѓорче Петров кон Општина Центар т.е. кон исток ќе бидат пренасочени по ул.„Московска“, ул.„Митрополит Теодосија Гологанов“, ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ и ул.„Железничка“, додека автобусите коишто се движат во обратна насока т.е. од исток кон запад ќе бидат пренасочени по ул.„Франклин Рузвелт“, бул.„Илинден“, ул.„Љубљанска (Московска)“ и продолжуваат по дадената траса по бул. „Партизански одреди“. Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

