Свет
Најголемите напади на Ал-Kаеда
Терористичката мрежа Ал-каеда чијшто водач Осама бин Ладен е убиен во Пакистан, e одговорна за низа терористички напади ширум светот
На 26 февруари 1993 година во напад на Светскиот трговски центар во Њујорк убиени се шест луѓе, а илјадници беа ранети. Во момент на нападот во центарот имало 55 илајди луѓе. На 13 ноември 1995 година автомобил бомба експлодираше во Ријад, пред зградата на саудиската национална гарда, убиени се пет американски војници и двајца Индијци.На 25 јуни 1996 година камион со два тонa ексползив експлодираше на влезот на американската база во Кобар, во близина на градот Даран. Имаше 19 мртви Американци и 386 ранети. На 7 август 1998 година во Кенија два автомобил-бомби истовремено експлодираа во близина на американската амбасада, а во нападот се убиени 224 луѓе, од кои 12 Американци, а повредени се илјадници луѓе. На 12 октомври 2000 година убиени се 17 американски маринци во Јемен, во пристаништето Адена. На 11 септември 2001 четири патнички авиони со вкупно 266 луѓе беа киднапирани и беа искористени како оружје за спекатакуларен напад на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и Вашингтон. Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија. Загинаа околу 3000 луѓе. На 11 април 2002 во Тунис загинаа дваесет иедно лице во самоубиствен напад во синагога во Џерба. На 12 октомври истата година во напад на автомобил-бомба на диско-клуб на Бали загинаа 202 луѓе меѓу кои и бројни туристи. На 12 мај 2003 година, 35 загинати во самоубиствен напад во Саудиска Арабија меѓу кои девет Американци. На 16 мај истата година 45 загинати во Мароко во пет симултани напади во Мароко во ресторани, хотели и еврејски места во Казабланка. На 15 и 20 ноември загинаа 63 во Турција во четири самоубиствени напади на автомобили-бомби на две синагоги, британски конзулат и британска банка во Истанбул.На 2 мај во 2004 година во Ирак загинаа 180 луѓе во низа напади на светите шиитски места во Багдад и Кербала. На 11 март истата година во низа напади во Шпанија на возови на три железнички станици во Мадрид, убиени се 181 луѓе, а 2000 се ранети.На 7 јули 2005 година, 56 луѓе се убиени во Велика Британија во четири самоубиствени напади во подземната железница и автобусите во Лондон. На 23 јули истата година во туристичкото одморалиште Шарм-ел-Шеик во Египет убиени се 68 луѓе. На 9 ноември во Јордан, 60 загинати во трократен самоубиствен атентат на хотели во Аман. На 24 април, 2006 година во Египет имаше 20 загинати и 90 повредени во туристичкото место Дахаба на Црвено море. На 14 август 2007 година во Ирак имаше повеќе од 400 мртви во четири атентати во покраината Нинива на северот на земјата. На 11 декември истата година во Алжир имаше 40 загинати во два самоубиствени напада. На 17 септември 2008 година, беше извршен напад со автомобил бомба врз американскатра амбасада во Сана кога загинаа 16 луѓе. На 20 септември истата година во Пакистан загинаа 60 луѓе во самоубиствен напад на хотел во Исламабад. На 25 декември 2009 година на лет од Холандија за САД еден од приврзаниците на Ал Каеда се обиде да киднапира авионот, но не успеа во својата намера. На 24 декември 2010, 23 луѓе се убиени во Јемен во самоубиствен напад при верски обред на северот на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин
Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во најновото објавување на документи од Министерството за правда поврзани со истрагата за Џефри Епстин, од кои сите негираа какво било кривично дело.
Но, три милиони нови страници од досиејата на Епстин објавени минатата недела откриваат широк спектар на вознемирувачки епизоди и неверојатни поединци. „Венити фер“ наведе некои од најбизарните и најстрашните работи што ги пронашле во мноштвото од документи.
Роберт Максвел против Мосад
Во е-пошта испратена на 15 март 2018 година до анонимен примач, со наслов „почина“, Епстин шпекулира за судбината на таткото на Гислејн Максвел, Роберт Максвел.
Тој тврдеше дека Максвел ѝ се заканил на израелската разузнавачка агенција Мосад, за која наводно работел како неофицијален агент шпионирајќи ги Велика Британија, САД и Советскиот Сојуз.
Телото на Роберт Максвел е пронајдено како плови во близина на Канарските Острови во 1991 година.

Морничава употреба на зборот „Упс“
Необичната употреба на извикот „упс“ од страна на Епстин, кој се појавува повеќе од 400 пати во најновата серија е-пораки, се движи од злокобна до морничава.
Во една преписка, тој одговара со „упс“ откако неименувано лице му пишува дека му дава „дозвола да убие“ некој кој лажел и него и тоа лице.
Тој го користи истиот збор како одговор на сознанието за наводното силување на млада жена, на веста во 2012 година дека втората сопруга на Роберт Ф. Кенеди Џуниор, Мери Кенеди, била пронајдена мртва во нејзиниот двор, што подоцна било прогласено за самоубиство, и на веста за смртта на свекрвата на Султан бин Сулајем.

Патување во Париз со Вуди Ален
Во е-пошта од 2012 година, Епстин се шегува за патувањето во Париз со Вуди Ален, неговиот сосед од Њујорк, кој е споменат повеќе од 7.000 пати во досиејата.
Примателот на пораката, чиј идентитет е скриен, го прашува дали двајцата одат на „конвенција за педофили“.

Гуру за долговечност и вулгарни пораки
Питер Атија, гуру за долговечност на познати личности и нов соработник на Бари Вајс од CBS News, се појавува неколку пати во досиејата, вклучително и во преписката што навлегува во гротескни дискусии за сексуални теми.

Во е-пошта од 24 јуни 2015 година, со наслов „Добив нова пратка“, Атија пишува: „Најголемиот проблем со тоа што ти си пријател? Животот што го водиш е толку скандалозен, а не ми е дозволено никому да кажам ни збор…“.
Атија објави одговор на откритијата на Икс во понеделник наутро, извинувајќи се за некои „непријатни“ е-пораки и појаснувајќи дека ја добил „новата пратка“ од лекот метформин, кој се користи за лекување на дијабетес тип 2, „за сопствена употреба“.
The following email is what I sent my team last night. I sent a similar version to my patients, also.
***
You’ve put your trust, your credibility, and your hard work into what we have built together, and I take that responsibility seriously. You deserve a complete and honest…
— Peter Attia (@PeterAttiaMD) February 2, 2026
Пеги Сигал повторно во центарот на вниманието
Пеги Сигал веќе се соочи со критики за нејзините врски со Епстин, но некои од нејзините е-пораки вклучени во оваа најнова серија документи се толку надреални што вреди да се споменат.

Во преписка од 2009 година за патување во Кенија се содржи понуда да „му донесете мало бебе… или две. Момчиња или девојчиња? Исто како Мадона“.
Во друга, таа се фали со плановите да фотографира во „земјени колиби“ и се преправа дека „влегува во зимската Бела куќа“ за да позира „со роднините на Обама“.

Досиејата содржат и резиме од прославата на Нова Година во 2014 година во Сент Бартс, во кое се споменуваат Пол Мекартни, Џорџ Лукас, Харви Вајнштајн, Лари Гагосијан, Роберт Дауни Џуниор и, за чудо, таен професионален свирач на бонго.

Покрај тоа, се наоѓа и важна напомена дека Роман Абрамович, Даша Жукова и Лен Блаватник го поминаа празникот во снежната Москва.
Одвратни оцени за жени
Емиратскиот бизнисмен Султан бин Сулајем, извршен директор на DP World, исто така се појавува во новите документи.
Во еден особено одвратен е-мејл од 2013 година, тој го споделува своето разочарување што „молдавската жена не е толку привлечна како на сликата“. За среќа, „Украинката е многу убава“.

Епстин како миротворец
Во е-пошта испратена еден ден откако Трамп победи на претседателските избори во 2016 година, испраќачот, користејќи скриен идентитет, пишува: „Драг Џефри, ти си толку интелигентен и моќен човек, те молам кажи ми што ќе се случи со Европа и Источна Европа?“ Епстин веднаш одговара: „Ќе биде во ред“.

Односи со жртвите
Поголемиот дел од преписката меѓу Епстин и неговите жртви открива изопачена динамика на моќ заедно со бизарно директна комуникација.

Во еден е-мејл од август 2009 година, тој ја прекорува жената што не му посветува доволно внимание: „Би било убаво ако… кога ќе те замолам да ми ја измасираш главата или стапалата, всушност да го правиш тоа повеќе од десет минути без да размислуваш за ништо друго“.

Свет
Макрон: Трамп посакува колапс на Европската Унија
Францускиот претседател Емануел Макрон испрати низа остри и предупредувачки пораки во неколку интервјуа со влијателни западни медиуми, оценувајќи дека Европа е во длабока геополитичка и геоекономска криза, со сè поизразени надворешни притисоци и внатрешни слабости кои, како што тврди, го загрозуваат самиот опстанок на Европската Унија како уникатен проект.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Макрон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја „распадне Европската Унија“, оценувајќи дека сегашната американска администрација се однесува како „отворено антиевропска“, дека ја „презира“ Европската Унија и дека нејзината стратешка цел е да го ослабне европското единство.
Макрон предупреди дека Европа не смее да ја прифати улогата на пасивен набљудувач ако притисокот од Вашингтон продолжи или се засили. „Ако отворено нè нападнат, не мислам дека треба да ги наведнеме главите или да се обидеме да постигнеме договор“, рече францускиот претседател, додавајќи дека политиката на ублажување на тензиите што Унијата ја спроведува со месеци очигледно не дава резултати.
Дополнителна тежина на предупредувањата на Макрон дава неговата проценка изразена во интервју за „Економист“, во кое тој изјави дека Европа е во „вонредна состојба“, и геополитички и геоекономски. Според него, Европската Унија мора итно да инвестира во сопствената економија и да ги отстрани внатрешните пречки за раст, бидејќи во спротивно ќе биде „смачкана“ помеѓу американската технолошка доминација и масовниот увоз од Кина.
Макрон нагласи дека прашањето за конкурентноста стана клучно егзистенцијално прашање за Унијата, особено пред самитот на ЕУ закажан за 12 февруари, каде што економската сила и развојниот потенцијал на Европа ќе бидат во фокусот на дискусиите на европските лидери.
Во исто време, во интервју за „Зидејце Цајтунг“, францускиот претседател ја отвори темата за односите со Русија, предлагајќи им на некои европски лидери да продолжат со директниот дијалог со Москва, за да Европа избегне зависност од трети страни во разговорите за завршување на војната во Украина.
Макрон потсети дека географската положба на Европа нема да се промени, „без разлика дали ни се допаѓа Русија или не“, и дека таа е трајно „пред нашата врата“. Токму поради оваа причина, како што наведе, предложил продолжување на комуникацијата, иако, според него, некои европски земји сè уште се двоумеле да го преземат тој чекор.
Според Макрон, Париз веќе го обновил дијалогот со Москва на „техничко ниво“, со очекување дека Европската Унија ќе изгради унифициран и организиран пристап кон контактите со Русија во иднина. „Не треба да има премногу соговорници; потребни се мандат и јасна репрезентација“, истакна тој, додавајќи дека мора да има простор за продолжување на дијалогот.
„Зошто? Затоа што денот кога ќе дојде мирот, тој мир ќе биде европски мир“, заклучи Макрон, јасно ставајќи до знаење дека, и покрај војната и длабоките политички поделби, Европа не може да си дозволи трајно отсуство на стратешка комуникација со Русија.
Сите овие пораки, доставени во краток временски период, укажуваат дека францускиот претседател се обидува да отвори широка дебата за идната позиција на Европа во брзо менувачкиот свет – свет во кој, како што предупредува, Унијата повеќе нема луксуз на неодлучност, ниту пак потпирање на политичките и економските центри на моќ на другите луѓе.
Свет
„Политико“: Самитот меѓу Трамп и Џјинпинг е закажан за првата недела од април
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, планира да отпатува во Пекинг во првата недела од април на самит со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, изјавија лица запознаени со плановите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, објави американскиот „Политико“.
Трамп вети дека ќе ја посети Кина во април по средбата со Шји во Јужна Кореја минатата есен, но Белата куќа сè уште официјално не ги објави точните датуми на патувањето.
Службеник на Белата куќа изјави дека датумите сè уште не се конечни, пренесува Танјуг.

