Свет
Најмалку девет талибанци ликвидирани во Пакистан
Најмалку девет талибански бунтовници беа убиени во областа Ораказаи кога пакистански воени хеликоптери гранатираа две упоришта на терористите во близина на границата со Авганистан.
Најмалку девет талибански бунтовници беа убиени во областа Ораказаи кога пакистански воени хеликоптери гранатираа две упоришта на терористите во близина на границата со Авганистан.
Пакистанската влада, соопшти дека копнените сили на пакистанската армија ја чистат областа Орказија каде пред неколку дена започна широка воена операција против бунтовниците.
Повеќе од 100 луѓе меѓу кои најголемиот дел бунтовници загинаа во последните три дена. Меѓу загинатите има и тројца пакистански војници.
Разузнавачките информации укажуваат дека областа Орказаи е главна база на пакистанските талибанци кои побегнаа од големата воена офанзива на меѓународните сили на НАТО во авганистанската област Јужен Вазиристан./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее низ Лос Анџелес.
Според Би-Би-Си, видеото е создадено за само 90 минути ноќта меѓу 7-ми кон 8-ми јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Палисадес Пацифик, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа:
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 кон 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа на кои може да се забележи ширењето на огнот:
Свет
Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.
За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикува претседателот во заминување Џо Бајден за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.
„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави до знаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.
Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.
Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. специјални воени операции во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.
Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.