Контакт

Црна хроника

Акција „Гора“: Уште пет кривични пријави против 47 лица

Објавено пред

Пет кривични пријави против 47 лица поднесе во текот на минатиот месец Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во рамки на оперативната акција „Гора“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во првиот случај поднесена кривична пријава против 43 лица (42 од Скопје и едно од Велес) за сторени вкупно пет кривични дела: “злоупотреба на службена положба и овластување“, “фалсификување службена исправа“, “фалсификување или уништување деловни книги“, “помагање в.в. злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување исправа“.

 

Имено, злопотребувајќи ја својата службена положба и овластувања едно лиценцирано лице за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје во текот на мај, јуни, јули и октомври минатата година. спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по Барањa за издавање на одобрениja за сеча поднесени од останатите 42 кривично пријавени лица за катастарски парцели во катастарските општини Танушевци, Брест, Палиград, Алдинци, Патишка Река, Црн Врв, Црвена Вода, Моране, Огњанци и Пчиња, заверил Записници дека наводно извршил теренски увид на лице место на катастарските парцели на кои се однесуваат барањата за сеча во кои навел дека констатирал дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво.

 

Врз основа на записниците со невистинита содржина иако знаел дека на катастарските парцели не извршил ознака за сеча и не констатирал постоење на дрвна маса за сеча изготвил и со свој потпис и печат на правното лице ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ-Скопје заверил и на пријавените лица им издал Одобренија за сеча со невистинита содржина. Потоа врз основа на вака издадените Одобрениjа за сеча иако знаел дека на катастарските парцели не е исечена дрвна маса, изготвувал и издавал испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица. По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за 1 м3 за одобрена вкупна дрвна маса за сеча (2751,4 м3 х 300,00 денари) тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 825.420 денари, а истовремено согласно  Правилникот за висината на цената за штети во шума според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000 денари за 1 м/3, ја оштетил заедницата за износ од 12.811.400 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 1830 м3.

 

Во вториот случај кривично пријавено е лице од Скопје за сторено кривично дело – “прикривање“. Пријавениот кон крајот на јули годинава купил огревни букови дрва во количество од 4,2 м3, по цена од 2.500,00 денари за 1 м3, иако при купопродажбата увидел дека огревните дрва не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг, дека не му биле испорачани со испратница издадена од страна на продавачот на негово име, ниту добил било каков документ, како и дека цената по која му се продадени била многу пониска од реалната продажна цена на пазарот (која изнесува од 2.970,00 денари до 4.000,00 денари за 1 м3 дабово дрво) од што знаел дека дрвата се прибавени со кражба.

 

Во третиот случај пријавено е лице од Скопје за сторено кривично дело “кражба“. Пријавениот во текот на годинава откако претходно од туѓа шума одзел бесправно исечени букови и дабови дрва во количина од 7,50 м3, дрвата ги складирал во дворното место на неговата викендица во село Јаболци – Скопје, со што ја оштетил заедницата за износ од 52.500,00 денари.

 

Во четвртио случај идентично на претходниот лице од Скопје извршило кривично дело “кражба“, при што на 17 минатиот месец откако претходно од туѓа шума бесправно исекол 2 м3 огревно буково дрво, ги натоварил во ПМВ „Форд Транзит“ (сопственост на друго лице за кое тој не поседувал полномошно ниту договор за купопродажба на моторно возило), по што со возилото се упатил за да ги превезе до непозната дестинација. Истиот ден, околу 20:30 часот, во с.Брњарци во обид да биде запрен од страна на полициски службеници од ЕПОИ Алфа, истиот ја зголемил брзината на движење и не застанал на дадени звучни и светлосни сигнали, туку продолжил со движење кон с.Сингелиќ, при што кога пристигнал во с.Сингелиќ додека возилото се движело тој го напуштил истото и се дал во бегство, a возилото удрило во бетонски ѕид каде што и застанало. Со наведеното кривично дело пријавениот ја оштетил заедницата за 14.000 денари.

 

И во петиот случај поднесена кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело “кражба“. Имено пријавениот откако претходно на точно неутврдено време и место во текот на 2014 година од туѓа шума одзел огревно дрво даб во количина од 2,1 м3, бесправно исечените дрва ги пренел и складирал во дворното место на неговиот дом во с.Црешево-Скопје. Со наведеното, пријавениот ја оштетил заедницата за 14.700,оо ден. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.

Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.

Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки  и психијатриски преглед.

Прикажи повеќе...

Топ

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Објавено пред

Од

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.

И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.

По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж

Објавено пред

Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија9 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ9 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет13 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...