Европа
По неуспешниот напад во Париз, првата осомничена обвинета и притворена
Француски суд во саботата подигна обвинение против жената чиишто отпечатоци од прсти се пронајдени во автомобилот со плински бови во центарот на Париз коишто, иако не експлодираа, ги засилија стравувањата на Французите по низата крвави напади во последните две години.
Обвинета во саботата навечер е 29-годишпната /Орнела Г. за „злосторничко здружување поради злосторнички терористички потфат“ и „обида за убиства во организирана група“, и е преместена во притвор, соопшти париското државно обвинителство.
Оваа млада жена, мајка на три деца, ѝ е позната на полицијата поради најави дека ќе замине на боиштето во Сирија, е уапсена во вторникот на југот на Франција заедно со нејзиното момче, коешто е пуштено од притвор. Отпечатоците од нејзините прсти се најдени во автомобилот кој минатиот викенд беше оставен во центарот на Париз со повеќе плински боци во багажникот, но без детонатор.
Како што изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, „трката со времето“ којашто започнала што е пронајден автомобилот, овозможила да се разоткрие група жени „фанатици“ ои се подготвувале да извршат друг напад.
Полицијата трагаше по ќерата на сопственикот на автомобилот, кој во минатото инаку бил посветен на ширењето на исламот меѓу немуслиманите а беше пуштен во вторникот по сослушување,19-годишната Инес Мадани, којашто исто така е позната по нејзиното радикализирање. Се трагаше по уште две жени на 39 и 23 години, а за истиот случај беа приведени уште четири лица.
Како што кажала Орнела Г., „по неуспешниот обид“ да го запалат автомобилот, „младите жени побегнале кога виделе маж за кој мислеле дека е полицаец во цивилно“, пренесе извор близок на истрагата. Друг извор рекол дека осомничените се искарале, пренесува AFP.
По изведеното геолоцирање, полицијата во четвртокот во париско предградие ја уапси Инес Мадани, која се заколнала на верност на Исламската држава и другите две жени.
Според извори од истрагата, тие планирале да нападнат повеќе цели, како париските железнички станици и преградија, но и полицијата. Имале намера, исто така, да набават појаси со експлозив и да се залетаат со автомобил во згради.
Овој случај во Франција, каде што на сила е вонредната состојба по терористичкиот напад од ланскиот 13-ти ноември со 130 жртви а беше продолжена пред ва месеца по нападот во Ница со 86 убиени, се сфаќа многу сериозно. Во Франција од јануари 2015 година се изведени низа терористички напади со исламистичка заднинана во кои се убиени речиси 240 луѓе.
За повеќето од нападите одговорноста ја презема екстремната сунитска групација Исламската држава, којашто вели дека сака да ја казни Франција поради нејзиното учество во меѓународната коалиција којашто се бори против групацијата во Сирија и Ирак./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

