Спорт
Федерер го истури бесот врз Тешеира
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер налутен поради неколкуте порази во претходните настапи го истури бесот врз Максим Тешеира кого го совлада со 6:3, 6:0, 6:2
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер налутен поради неколкуте порази во претходните настапи го истури бесот врз Максим Тешеира кого го совлада со 6:3, 6:0, 6:2 во рамки на второто коло од Роланд Гарос. Во мечот со Французинот кој што на овој турнир настапи со вајлд карта од организаторот, Федерер по 3:3 во првиот сет освои 13 врзани гемови се до 4:0 во третиот сет. Во третото коло противник на Федерер ќе му биде Србинот Јанко Типсаревиќ кој што во исто време го победи Шпанецот Пере Риба убедливо со 6:1, 6:3, 6:0. Сергиј Стаковски од Украина го победи Јапонецот Кеи Нишикори со 6:1, 3:6, 6:3, 7:6 (3).
Во второто коло во конкуренција на жени се постигнати следните резултати:Каролин Возниацки (Данска 1) – Александра Возниак (Канада) 6:3, 7:6 (3)Нуриа Лагостера Вивес (Шпанија) – Ализ Корен (Франција) 6:0, 6:2Саманта Стосур (Австралија 8) – Симона Халеп (Романија) 6:0, 6:2Светлана Кузњецова (Русија 13) – Ирина Камелија Бегу (Романија) 6:1, 6:1Јулија Гергес (Германија 17) – Луси Сафарова (Чешка) 2:6, 7:5, 6:2Бетани Матек Сендс (САД) – Варвара Лепченко (САД) 6:3, 2:6, 6:3Анастасија Родионова (Австралија) – Едина Галовиц Хал (Романија) 6:1, 6:4Даниела Хантукова (Словачка) – Сара Ерани (Италија) 6:1, 6:2Гизела Дулко (Аргентина) – Светлана Пиронкова (Бугарија) 6:4, 6:2крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

