Спорт
Диого ја напушти софиска ЦСКА по само 15 дена

Поранешниот фудбалер на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Уругваецот Карлос Диого ги напушти редовите на бугарскиот прволигаш ЦСКА, по само 15 дена откако го потпиша договорот со клубот од Софија.
Поранешниот фудбалер на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Уругваецот Карлос Диого ги напушти редовите на бугарскиот прволигаш ЦСКА, по само 15 дена откако го потпиша договорот со клубот од Софија.Карлос Диого пристигна во Софија кон средината на јануари, меѓутоа многу брзо се предомисли порачувајќи му на раководството на најтрофејниот бугарски клуб дека сака кариерата да ја продолжи во Бразил.„Ќе беше несериозно да го задржавме во клубот против неговата волја. Го раскинавме договорот и Диого е слободен“, потврд извршниот директор на ЦСКА, Венцислав Живков. Диого последните шест месеци немаше ангажман во ниеден клуб откако во јули минатата година го напушти Реал Сарагоса за којашто настапуваше последните пет години. Една сезона 29-годишниот Карлос Диого настапуваше и за Реал Мадрид, а во својата кариера има играно и за јужноамериканските фудбалски гиганти како што се Ривер Плата и Пењарол од уругвајската престолнина Монтевидео. За репрезентацијата на Уругвај има настапено на 23 натпревари./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.
Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.
Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.
Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.
И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.
Фото/ Принскрин
Спорт
Манчестер јунајтед заинтересиран за Воткинс и Шешко

Манчестер јунајтед, откако ги засили крилните позиции во нападот со Матеуш Куња и Брајан Мбуемо, се пушти во потрага по класична „деветкс“. Клубот ќе се фокусира на ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг, репрезентативците на Англија и Словенија, Оли Воткинс и Бенјамин Шешко.
Британските медиуми истакнуваат дека Воткинс и Шешко се на врвот на листата на желби на „Црвените ѓаволи“, доколку клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да доведе напаѓач во летниот преоден рок.
Се наведува и дека челниците на Манчестер јунајтед се согласуваат дека клубот мора да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека тоа можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.
Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е премногу за Манчестер јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.
Би-Би-Си објави дека бројни европски клубови се заинтересирани за Шешко. Шешко одигра 45 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг минатата сезона и постигна 21 гол. Се претпоставува дека Лајпциг за него бара помеѓу 70 и 75 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце
Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце.
Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант се на мета на Кил.
Милосављев е во Берлин од 2019 година, дојде во тимот откако ја освои европската титула со Вардар.
Минатата сезона, „Лисиците“ го продолжија договорот со првата ѕвезда на тимот, Матијас Гидсел, до 2029 година, и се чини дека во буџетот немаат доволно пари за да го продолжат договорот и со голманот.
Кјелце е во пад со години, по два настапи во финалето на Лигата на шампионите, сезоната пред минатата беше елиминиран во четвртфиналето, а претходната сезона веќе во првата нокаут рунда.
Веќе две години, тимот на Талант Дујшебаев го губи приматот во Полска од Висла од Плоцк. Ова лето, најголемото засилување е словенечкиот ас Алекс Влах од Алборг. Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица, десен бек на Загреб, заедно со Милосављев, ќе пристигне следното лето.
Foto/ EPA