Македонија
Нов обид на Вељаноски да ја врати опозицијата во Собрание
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски за денеска закажа координациска средба на која ги повика потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и до вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски
Вицепремиерот Васко Наумовски во петокот преку писмен допис се обрати до нив повикувајќи се на членот 24 од Законот за Собранието, законска одредба која произлегува од препораките во извештаите на ЕУ за понатамошниот напредок на земјата како значаен инструмент за водење институционален политички дијалог.Спикерот Трајко Вељаноски во дописот наведува дека треба да се разгледаат прашањата за уставните измени, бидејќи тие се дел од препораките на Европската комисија.На координативната средба предвидено е да се разговара и за одржувањето на седницата посветена на пратенички прашања која согласно Деловникот на Собранието треба да се одржи на 24 февруари 2011 г.„Во оваа смисла, со координаторите на пратеничките групи од опозицијата треба да се разговара за нивното учество или за евентуалното презакажување на оваа седница“, се вели во писмената изјава.Меѓудругото тој очекува да се разговара и за други прашања иницирани од страна на опозицијата, како и за други активности на Собранието поврзани со тековни проекти чија динамика ја диктираат странски партнери.Тој повика на редовно одвивање на парламентарниот политички дијалог на координативните средби.„Мој став е дека овој парламентарен политички дијалог треба да се одвива во континуитет без оглед на тоа колку се големи недоразбирањата меѓу политичките партии застапени со Собранието. Наша обврска како пратеници е постојано да го одржуваме жив парламентарниот субјективитет и притоа да ја искористиме ширината на механизмите кои ни стојат на располагање за разговор и за решавање на секое спорно прашање“, се посочува во дописот.За прашањата и предложените решенија кои се иницирани од пратеници или се со претежно парламентарен карактер Вељаноски смета дека треба заеднички, колегијално да се разговара и договара.Учеството на координаторите од опозицијата е неизвесно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Гаши се сретна со амбасадорката на Монголија: 30 години дипломатски и пријателски односи
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Монголија, оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Монголија, Сајана Лкхагвасурин.
Претседателот Гаши изрази задоволство од средбата во време кога се навршуваат 30 години дипломатски односи меѓу двете земји и надеж дека овој јубилеј ќе отвори едно ново поглавје на заедничка соработка. Иако нашата земја е кандидат за членство во ЕУ, сепак е отворена за соработка со сите држави во светот.
Исто така, Гаши искажа почит кон Монголија од историски аспект – преку Џингис-хан и од современ аспект – како силен мост меѓу Истокот и Западот.

Како претседател на законодавниот дом, ќе се заложи за продлабочување на односите на парламентарно, но и државно ниво. Преку заемни посети и размена на искуства, да се изградат мостови на соработка.
Амбасадорката изрази задоволство од одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и најави низа свечени настани во таа чест. Таа информира за формирањето на парламентарна група за соработка со Македонското собрание, која е во тек во Монголскиот парламент, што ќе доведе до зајакнати парламентарните релации. Во насока на приближување на народите, беше посочено и што поскоро воведување на безвизен режим, како бенефит за двете земји.

Претседателката на Пратеничката група за соработка, Мерита Колчи-Коџаџику, ја искористи можноста да се заблагодари и на почесниот конзул на Монголија во нашата земја, Литов Намдагжанчивин, за неговиот труд и посветеност на зближување на двете земји. Во годината што претстои, најави интензивирана соработка, посебно на културно и туристичко поле. Во овој контекст се надоврзаа и пратениците Тони Јаревски и Драган Недељковиќ, кои упатија заложби за зголемена културна размена и преточување на иницијативите во конкретен документ за соработка.

