Свет
Најмалку четири бунтовника убиени во Пакистан во напад на беспилотно летало
Две ракети истрелани од американско беспилотно летало во саботата убуле најмалку четири бунтовници во племенскиот регион на северозапад од земјата, соопштија пакистански функционери
Ракетите погодиле станбен објект во селото Исмаил Кела, 40 километри западно од Мираншах, главен град на покрината Северен Вазиристан, кон границата со авагнситан.„Америкнското беспилотно летало истрелало две ракети на зграда која бунтовниците ја користеле за вежбање“, изјавил висок пакистански функционер од безбедносните служби, за Associated Press.Тој додал дека засега не е потврден идентитетот на убиените. Друг пакистански разузнавачки извор од истиот регион го потврдил нападот, но според него во нападот биле убиени четири лица, додека претходните информации говореа дека станува збор за тројца ликвидирани бунтовника. Според него, местот на нападот било засиоништето на бунтовникот Хафиз Ѓул Бахадур, кој на страната на талибаните се борел во Авганистан од 2001 г. кога коалицијата предводена од САД изврши инвазија.Според истиот извор, Бахадур под своја команда во моментот има околу два илајди борци кои ги испраќа во борбите против меѓународните сили Авганистан, но тие не дејствуаат во Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

