Спорт
Алонсо доминираше на првиот тренинг во Белгија
Пилотот на Ферари, Фернадо Алонсо беше најбрз на првиот слободен тренинг, на патеката Спа-Франкошамп.
Пилотот на Ферари, Фернадо Алонсо беше најбрз на првиот слободен тренинг, на патеката Спа-Франкошамп.
Трката за Големата награда на Белгија на легендарната писта ќе се вози во недела со почетокот во 14 часот. Во истиот термин, утре ќе се вози официјалниот тренинг по што ќе биде познат редоследот по кој пилотите ќе стартуваат на неделната трка.
На првиот тренинг, Алонсо доминираше на влажната патека, остварувајќи време од 2:00: 797 минути. Зад Алонсо се пласираа Луис Хамилтон на Мекларен и Роберт Кубица на Рено.
Водечкиот во вкупниот пласман во шампионатот на Ф1, Марк Вебер на седмото место, зад Алонсо задоцни повеќе од две секунди.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.