Контакт

Македонија

Ставрески: Инвестициите во Македонија не отсуствуваат

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за финансии говори за стапката на странски инвестиции во Македонија, очекувањата од соработката со Светската банка на кус рок и економската криза во Грција. Тој викендов во Вашингтон учествуваше на редовните годишни средби на СБ и ММФ

dobivaj vesti na viber

од Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонскиГлас на Америка:  Вицепремиере, Македонија според „Дуинг бизнис“ високо котира, меѓутоа отсуствуваат странски инвестиции. Зошто?  Ставрески:  Да ги споменеме бројките и мислам дека таа перцепција ќе биде малку поразлична. Само во последните три години во Македонија има една милијарда и 100 милиони евра странски инвестиции. Тоа е колку за 10 претходни години. Овој процес не е лесен и бара континуиран ангажман, не од една влада, туку од сите влади последователно, за да бидеме успешни. Процесот на привлекување инвеститори е најмакотрпниот процес, бидејќи не зависи само од нас и од нашата политика, туку и од општата ситуација во регионот и општата глобална сосотојба. Сите тие околности во моментов не се најповолни од аспект на кризата во светот, но ние остануваме цврсто уверени дека Македонија ќе успее да донесе повеќе инвеститори и во таа увереност покажуваме решителност и ангажман што ќе се исплати. Имате ли решение како Македонија да ги зголеми инвестициите, домашни и странски, да ја намали јавната потрошувачка во време кога се` уште трае светската економска криза? –  Во однос на инвестициите, се` што правиме, почнувајќи од подобрувањата во секторот образование, подобрување на квалитетот на работната сила, креирањето на инфраструктурни услови за инвеститорите, ниските даноци и малите трошоци, го правиме со цел да привлечеме повеќе инвеститори. За нас е неважно дали се работи за странски или домашни инвестиции, не правиме разлика меѓу нив, затоа што и едните и другите се потребни. Во делот на јавната потрошувачка, Македонија има трет најнизок буџетски дефицит во Европа во овие кризни времиња, и според оценките на ММФ, буџетскиот дефицит на Македонија беше на најсоодветно ниво и помогна од една страна да се ублажи рецесијата, а од друга страна да не се изгуби контролата за нивото на јавниот долг. Значи имавме умерено ниво на буџетски дефицит, што овозможи да и помогнеме на економијата и приватниот сектор. Таа оценка од ММФ многу ни значи во поглед како и натаму треба да се креира буџетската политика во Македонија.   Кои се очекувањата од Светската банка на кус рок? – Светската банка во моментов работи на новата тригодишна стратегија за Македонија. Ги договараме следните проекти. Наш интерес е да имаме проекти во делот на инфраструктурата, поточно во делот на енергетиката. Банката ќе остане ангажирана во делот на подобрување на  сопственичките права, во делот на катастарот и во правата за имотно-правните односи. Очекувам нашата успешна соработка со Светската банка да продолжи и во следниот период. Експерите посочуваат дека стимулативните напори годинава веројатно ќе продолжат, но многу земји ќе мора да ги скратат трошоците следната година. Дали тоа ја очекува и Македонија?- Ако Македонија имаше дефицит каков што имаа балтичките земји, или пак, како Грција и некои европски развиени земји, кои завршија со 12-14 процентен буџетски дефицит, и ние ќе го имавме истиот проблем и предизвик да мора веднаш да го сведеме нивото на фискална поддршка во подносливи рамки. Меѓутоа ние имавме умерен дефицит во 2009-та, што ни овозможува да продолжиме со политиката на поддршка на капиталните проекти, пред се ` во делот на инфраструктурата и градежништвото за да може да одржиме повисоко ниво на економска активност. Нивото на јавен долг во Македонија е умерено, и од таа страна нема никаков проблем да се донесат средства од надвор со цел да се помогнат малите и средни претпријатија. Ние тоа го правиме со кредитната линија од европската инвестициона банка.Дали сметаде дека кризата во Грција може да се одрази во Македонија и на кој начин таа евентуално би се одразила?- Тоа се добри вести во однос дека Грција треба што побрзо треба да побара помош од ММФ, бидејќи мислам дека на таков начин ќе се смират очекувањата и нервозата кај инвеститорите и на меѓународниот пазар на капитал. Тоа ќе помогне да перцепира регионот на подобар начин. Мислам дека нема ризик за Македонија во делот на грчките инвестиции кои се присутни во земјата, бидејќи ние нудиме подобри услови отколку што и самите инвеститори имаат во нивната држава. Така што мислам дека ќе останат во Македонија нивните инвестиции и инвеститори. Меѓутоа можно е во делот на трговијата да имаме извесни негативни последици бидејќи очекуваме доколку има нарушувања на социјалниот мир во Грција, затварања на граници од штрајкови и слично, тоа може да влијае врз редовното одвивање на трговијата меѓу македонските и грчките фирми и на тој начин да има негативни последици врз македонската економија. Сепак, засега работите се подносливи и последиците се умерени.

Македонија

ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност

Објавено пред

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија.

dobivaj vesti na viber

„Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ќе обезбедат пообјективно и пофер политичко претставување на граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, апелираме и бараме на агендата на лидерската средба да се стави и да се разговара конкретно за:

· Промена на изборниот модел, односно наместо постоечкиот пропорционален систем со шест изборни единици да се воведе изборен модел со една изборна единица.

ДОМ продолжува со своите заложби и иницијативи за една изборна единица како модел што го поддржуваме со години и сметаме дека е неопходен за подобра репрезентативност и еднаков глас за секој граѓанин:

* Една изборна единица гарантира еднаков глас за сите — без регионални нееднаквости и нерамноправности во вредноста на гласот на гласачите од различни делови на државата.

* Овој модел го зголемува степенот на пропорционалност во распределбата на мандатите, што е клучно за воспоставување пофер и поквалитетно демократско претставување.

* ДОМ ја поддржува идејата изборниот модел да биде со отворени листи и без праг за да се поттикне поголема одговорност на кандидатите кон граѓаните наместо кон партиските врвови.

* 50% жени на листите бидејќи родовата рамноправност не е само бројка, туку цивилизациска вредност. Затоа сметаме дека жените неопходно е да бидат рамноправно претставени во политиката и во процесите на донесување одлуки со цел доследно почитување на сите демократски вредности и приниципи на инклузивност.

За ДОМ ова не е партиски интерес туку општествена потреба што ќе го зајакне демократскиот процес и ќе овозможи гласовите на сите, без исклучок да се рефлектираат реално и праведно во составот на парламентот, како и можност, а во исто време и право на сите политчки субјекти рамноправно да ги презентираат и промовораат своите програмски определби пред сите граѓани. Сето тоа придонесува за поголема доверба на граѓаните во политичкиот систем.

Ја повикуваме власта и сите парламентарни групи да излезат од своите удобни позиции и да ја прифатат оваа заложба и иницијатива за рамноправен простор за сите политички субјекти. ДОМ како вонпарламентарна партија која долги години се залага за воведување една изборна единица ги става на располагање сите свои експертски и организациски ресурси со цел активно да придонесе во обликувањето на законските измени и во спроведувањето на неопходните реформски процеси“, велат од ДОМ преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО

Објавено пред

Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.

„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.

Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.

Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево

Објавено пред

Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.

dobivaj vesti na viber

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ2 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет2 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет2 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет2 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет3 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија13 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ17 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија19 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија20 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура21 час

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија22 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија22 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....