Македонија
Сензација или лага: Пронајдена гробницата на Александар Македонски?
При реконструкција на граничниот премин Вишје, меѓу Македонија и Грција, градежните работници, за време на својата работа ја пронашле гробницата на Александар Македонски, објавува cityмagazine.rs
Сензационалната информација на директорот на Заводот за заштита на историски споменици, Паско Кузман ја карактеризираше како груб фалсификат и подметнување од страна на лица и медиуми од соседната држава Србија. Претставници на Министерството за култура велат дека информацијата е сосема измислена и дека се измислени и лицата со кои наводно е разговарано. Меѓутоа, српската веб страна како автор на веста се повикува на македонска агенција МакПрес. Претпоставувјќи дека тоа се закопани турски богатства, багеристот , Ангел Трајковски, продолжил да го расчистува теренот, па за речиси два часа наишле на мермерна површина долга триесет метри, а широка четириесет, додека другиот дел се’ уште се наоѓал под земја. Како што копал багерот се подлабоко, на околу четири метри длабочина пронајден е влезот од гробницата на Александар. На теренот веднаш излезе и директорот на Генералниот инспекторат на Република Македонија, Гоце Мицевски, а набрзо по него и две екипи со археолози од Народниот музеј на Скопје. Набрзо е утврдено дека тоа е тунел кој води до брдото Бојчик. Должината на тунелот е сто и четириесет метри, а ѕидовите се направени од црни мермерни плочи со дебелина од околу еден метар. За да биде уште поинтересно, екипите на археолозите на крајот од ходникот ги пречекал огромен блок од камен совршено вклопен во рабовите во ходникот.
На блокот е врежана слика од богот Аполон и на јонски дијалект, на старогрчки јазик, напишано е Хипербореја (грч. Υπερβορεία). Според тоа тврдат дека пронашле нешто значајно. Тоа што е пронајдено таму најверојатно ќе биде иницијатива за ново поглавје во историјата. Во внатрешноста откриена е втора просторија, за која многу брзо се открило дека е гробницата на Александар Македонски. Сместена е точно под брдото Бојчик. Ѕидовите како и ходникот се направени од блокови кои се прекриени со мозаици од времето на Александар. Покрај тоа, во внатрешноста постојат и осум столбови, носачи на ликот на богот Атлас, кој во рацете држи каријатида. Во центарот на просторијата се наоѓа плоча на која е изрежано, исто така, на јонски дијалект од старогрчки јазик, Мегас Александрос (грч. Μέγας Aλέξανδρος), или како што е познато во цел свет, Александар Велики.
Во гробницата се пронајдени коски и остатоци од луѓе за кои се претпоставува дека биле од александровата војска. Се претпоставува дека тие луѓе биле живи оставени во гробницата, за од внатре да го турнат камениот блок за да се затворат. Експертите на Народниот музеј во Скопје изјавија дека е пронајден доста добро сочуван скелет со полна воена опрема и златно бронзен оклоп со штит и меч на кој е вржано Александар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно
Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение кое спаѓа под кривична одговорност предвидена во Кривичниот законик, јавија бугарските медиуми.
Денес, во 16:30 часот, пред централниот влез на Воено-медицинската академија во Софија ќе се одржи протест под слоганот „Правда за Маја“, насочен кон борба против суровоста кон животните и поддршка на построги законски санкции во вакви случаи.
Повод за организирање на протестот е инцидент во кој Цоневски прегази куче во Софија. Кучето, по име Маја, беше тешко повредено и последователно беше евтаназирано.
Името на Цоневски е поврзано со Воено-медицинската академија, каде што работел. Порано оваа недела, раководството на болницата објави дека докторот е привремено суспендиран од својата позиција додека случајот не се расветли.
Бугарските медиуми вчера објавија дека Цоневски се вратил во Македонија. „Специјалистот по торакална хирургија, д-р Ненад Цоневски, кој беше снимен на 9 ноември како го прегазува кучето Маја во населбата Разсадника во главниот град со својот ‘Фолксваген Пасат’, се врати кај своите родители во неговиот роден град Делчево, Северна Македонија“, објави Телеграф.
Пред да ја напушти Бугарија, докторот бил испрашуван во полициска станица, по што бил ослободен.
Случајот предизвика сериозна јавна реакција на социјалните медиуми и онлајн платформите. Петицијата со која се бара целосна и непристрасна истрага собра над 220.000 потписи. Луѓето бараат ефикасно спроведување на законот и воведување посериозни санкции за намерно насилство кое резултира со смрт или тешко страдање на животните.
„Сакаме да испратиме јасна порака дека ваквите дејствија нема да се толерираат и дека мора да има реални последици за сторителите“, коментираа организаторите на протестот, цитирани од Бугарското национално радио.
На социјалните мрежи се јавија и граѓани со поддршка за Цоневски.
„Ние, група на граѓани за поддршка на Д-р Ненад Цоневски и сакаме јавно да ја изразиме нашата морална поддршка за докторот Ненад Цоневски – наш сограѓанин кој е млад и перспективен човек, а кој неодамна ненамерно згазил улично куче во Бугарија — несреќен настан што може да му се случи на секој возач. Сметаме дека е неправедно овој несреќен случај да се користи за јавна осуда и навреди кон еден човек кој својата кариера и живот ги посветил на помагање на другите. Доктор Ненад Цоневски е првенец на својата генерација, завршил медицински факултет со исклучителен успех и моментално специјализира хирургија. Познат е по својата посветеност, хуманост и скромност“, се вели меѓу другото во писмото испратено од Група за поддршка на д-р Цоневски .
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.

