Свет
За појадокот на Лазе 11.580 евра
Шест новинари и еден снимател, за кои Министерството за одбрана потрошило над 700 илјади денари, биле однесени во САД за да известуваат од молитвениот појадок и од средбите на министерот Еленовски со заменикот на советникот на Буш Џ. Д. Крауч и со
ЛИЧНА МЕДИУМСКА ПРОМОЦИЈА СО ДРЖАВНИ ПАРИ
Шест новинари и еден снимател, за кои Министерството за одбрана потрошило над 700 илјади денари, биле однесени во САД за да известуваат од молитвениот појадок и од средбите на министерот Еленовски со заменикот на советникот на Буш Џ. Д. Крауч и со
Министерот за одбрана Лазар Еленовски потрошил над 700.000 денари државни пари за да им го плати патувањето и сместувањето во хотел на шест новинари и еден снимател за да известуваат за неговата 5-дневна посета на САД минатиот месец.
Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, Редакција "Вест" побара од Министерството за одбрана да даде информации за тоа колку новинари одведе Еленовски во САД, колку пари потроши за тоа и од кои активности на министерот известуваа новинарите. Според одговорот од Министерството за одбрана, што го добивме по 20 дена чекање, во делегацијата биле и шест новинари и еден снимател.
"Картите за патувањето на делегацијата, во која беа и новинарите, беа набавени преку агенцијата ‘Компас’ и еден авиобилет чинеше 784 евра. Сместувањето во Њујорк првиот ден чинеше 212 американски долари за вечер. Останатите четири дена министерот, заедно со протоколот и обезбедувањето беа сместени во хотелот ‘Хилтон’ во Вашингтон каде што сместувањето чинеше 211,37 долари. Другите членови на делегацијата беа сместени во хотелот ‘Черчил’ во Вашингтон каде што сместувањето чинеше 234 долари", стои во одговорот од Министерството за одбрана.
Математиката покажува дека Министерството за новинарската придружба потрошило околу 707.000 денари државни пари. За седум авиобилети по 784 евра се потрошени 5.488 евра. За седумчлената новинарска екипа биле платени 35 ноќевања во хотел, за што Министерството потрошило 8.036 американски долари.
Министерот за одбрана во САД беше на претходно закажана официјална посета што, како што велат од кабинетот на министерот, ја усогласиле со молитвениот појадок во Вашингтон на кој бил поканет Еленовски.
"Нема потреба да се нагласува дека тоа беше посета на највлијателната земја во светот. Таму за првпат се оствари средба на македонски политичар на иста маса со македонското и албанското лоби. Имаше средба со нашите иселеници за зајакнување на лобирањето.
Најзначајни беа средбите со секретарот за одбрана на САД Гејтс, неговиот заменик Енгланд и со Кондолиза Рајс. Имаше средби со конгресмени и сенатори, потоа со заменик-советникот на претседателот Буш Џ. Д. Крауч, со специјалниот помошник на Буш Бил Лути, помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија Даниел Форд и со помошник-секретарот Стивен Мул", велат од Министерството.
Еленовски бил и во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, една од највлијателните тинк-тонк организации во САД, се видел и со заменик-секретарот за одбрана Гордон Ингланд и со албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу. Се сретнал и со еврејското лоби.
Во делегацијата на министерот биле три члена на неговата делегација од Министерството. Во делегацијата биле и неговиот протокол и обезбедувањето, чиј број од Министерството не го наведуваат во одговорот на нашето барање.
За министерската делегација, без новинарите, биле потрошени над 387 илјади денари. Првата вечер во Њујорк за хотел платиле по 212 долари по човек. Останатите четири вечери биле сместени во хотелот "Хилтон" во Вашингтон каде што плаќале по 211,37 долари од вечер по човек и плус по 784 евра за авиобилет.
"Останатите трошоци беа за најмување комбе за пат до Норфолк во Вирџинија, за што, и покрај долгиот пат, не користевме авион", велат од Министерството. Од таму додаваат дека новинарската екипа известувала не само за Еленовски туку и за посетата на САД на министерот за здравство Имер Селмани, Вилма Трајковска, пратеникот Влатко Ѓорчев и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

