Свет
Нови жртви во Чиле, цунамито го мина Пацификот
Повеќе од 300 луѓе загина ле во вчерашниот земјотрес во Чиле, а уште најмалку четворица настрадале во цунамито кој мини низ поголемиот дел од Пацификот не предизвикувајќи сериозни штети
Чилеанските власти страхуваат дека бројката загинати од земјотресот што во сабота наутро со магнитуда од 8,8 степени ја погоди земјата може да има уште жртви, бидејќи стотици луѓе се заробени под урнатините. Во цунамито кое го предизвика земјотресот загинале најмалку четири лица на островите Хун Фернандез, 600 километри западно од чилеанскиот брег, а забележени се материјални штети во пристанишниот град Талкахуана.Цунамито со бранови со максимална височина од 1,5 метри доцна навечер во саботата мина низ Хаваи, Австралија, Нов Зеланд и Камчатка во Русија, но без поголеми штети и човечки жртви, пред се’, благодарејќи на правовремените предупредувања од системот за алармирање. Големиот воден бран се очекува во текот на неделата да мине низ Филипините и во Јапонија каде населението е веќе.евакуирано.Катастрофалниот земјотрес според јачината се случи во сабота 7,34 минути по средноевропско време а имаше епицентар 91 километар од градот Консептион и 317 километри од главниот град Сантјаго, а на длабочина од 35 до 59,4 километри. Кусо време по првиот удар следел и втор, но со помала силина од 6,2 степени по Рихтер, а до вечерва се забележени повеќе од десет послаби земјотреси.Според чилеанскиот министер за внатрешни работи Едмондо Перез Јома, освен загубите на човечки животи, земјотресот предизвикал и големи материјални штети. Околу 1,5 милиони разни згради претрпеле поголеми или помали оштетувања. се уништени. Покрај урнатите згради и куќи, мостови и сообраќајници, во прекин е и снабдувањето со вода и со струја, интернетските и телефонските врски се’ уште не функционираат. Во главниот град Сантјаго, во прекин е авионскиот сообраќај заради уривање на терминали на аеродромот. Затворени се и линиите во подземната железница. Во градот Косепсион кој е 91 километра од епицентарот на земјотресот, се урнал затворот, што овозможило бегање на стотици затвореници. Тешко е оштетена и градската болница и една 15-катница, под чии урнатини се страхува дека има десетици луѓе.Според агенциските извештаи, најголемиот дел од населението ширум Чиле плашејќи се од нови потреси, ноќта ја минало на отворено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Шарли Ебдо“ на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија
Швајцарски адвокат и неговата сопруга поднесоа кривични пријави против францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ поради карикатура за смртоносниот пожар во барот во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија.
Во пожарот што избувна на новогодишната ноќ, загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во петокот, на денот на жалост, „Шарли Ебдо“ објави карикатура на која се прикажани двајца изгорени скијачи со натпис „Les brûlés font du ski“ („Изгорените одат на скијање“), игра на зборови на „Les Bronzés font du Ski“, наслов на француски комедија од 1979 година. На карикатурата се наоѓа знакот „Кран-Монтана“ и зборовите „комедија на годината“ во долниот десен агол.
Le dessin du jour, par #Salch pic.twitter.com/YbmVqpO3X2
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) January 9, 2026
Објавувањето предизвика бран на негодување во Швајцарија. Двојката поднесе жалба до канцеларијата на државниот обвинител во кантонот Вале против „Шарли Ебдо“ и карикатуристот Ерик Салх. Тие тврдат дека карикатурата го крши швајцарскиот кривичен закон за прикажување на насилство, го нарушува достоинството на жртвите и ја тривијализира трагедијата со хумор.
Контроверзноста доаѓа само неколку дена по 11-годишнината од терористичкиот напад врз „Шарли Ебдо“. На 7 јануари, Франција ја одбележа 11-годишнината од терористичкиот напад врз канцелариите на списанието во Париз во 2015 година од страна на вооружени лица. Годишнината повторно ги отвори дебатите за границите на сатирата и слободата на изразување, што го прави најновото објавување особено чувствително.
Во барањето, двојката бара покренување кривична истрага и, во случај на осуда, исплата на обештетување на сите жртви на трагедијата.
Свет
Зголемени цените на станбените недвижности во ЕУ
Во третиот квартал од 2025 година, цените на станбените недвижности, мерени според индексот на цени на станбени недвижности, се зголемија за 5,1 процент во Еврозоната и за 5,5 проценти во Европската Унија во споредба со истиот квартал од претходната година.
Во споредба со вториот квартал од 2025 година, цените на станбените недвижности се зголемија за 1,6 проценти и во Еврозоната и во Европската Унија, објави Европската канцеларија за статистика.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, една земја забележа годишен пад на цените на станбените недвижности во третиот квартал од 2025 година, додека дваесет и пет земји забележаа годишен пораст.
Падот е регистриран во Финска (3,1 процент), додека најголем раст е забележан во Унгарија (21,1 процент), Португалија (17,7 проценти) и Бугарија (15,4 проценти).
Во споредба со претходниот квартал, цените се намалија во пет земји-членки, а се зголемија во дваесет и една земја-членка.
Најголем пад е забележан во Луксембург (3,1 процент), Финска (2,2 проценти) и Словенија (1,1 процент), додека најголем раст е постигнат во Латвија (5,2 проценти), Словачка (4,9 проценти) и Португалија (4,1 процент).
Свет
Медиуми: Руските напади и зимата најтешките за Киев
Последните неколку недели претставуваат еден од најтешките периоди за украинските вооружени сили од почетокот на војната, поради интензивните напади на руската армија врз клучната инфраструктура на Украина, објави швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“.
Во анализата на овој весник се наведува дека украинската страна се соочува со исклучително тешка ситуација, која е дополнително отежната од зимските услови.
„Можеме отворено да зборуваме за најтешката ситуација од почетокот на војната. Зимата е историски сојузник на руската армија“, истакнува изданието, додавајќи дека нападите врз енергетската и транспортната инфраструктура значително ги намалиле можностите на украинските вооружени сили.
Порано беше објавено дека во Киев имало речиси целосен прекин на електричната енергија, што предизвикало сериозни прекини во функционирањето на градот и секојдневниот живот на населението.
Во меѓувреме, во Соединетите Американски Држави се појавија изјави со кои се бара одговорност за поразите на украинските сили на бојното поле.
Во исто време, пратеникот на Врховната рада, Богдан Кичак, предупреди дека поради продлабочувањето на енергетската криза во главниот град, дел од жителите на Киев би можеле да бидат принудени да се евакуираат, доколку ситуацијата во снабдувањето со електрична енергија и греење дополнително се влоши.

