Контакт

Свет

За „Макпетрол" отштета од 5 млн. евра?

Објавено пред

Стасани се над 900 судски решенија кои во претходниот период го оштетиле Буџетот за 11 милиони евра

dobivaj vesti na viber

Стасани се над 900 судски решенија кои во претходниот период го оштетиле Буџетот за 11 милиони евра

Само трите случаи „Бачило", „УПА ентерпрајз" и тетовската фирма на ексзаменикот за труд и социјала, Самка Ибраимовски, на која ч се исплатени 500 илјади евра како отштета од воениот конфликт, го олесниле државниот буџет за 2,5 милиони евра. Министерот за правда, Михајло Маневски, овие три случаи ги посочи како незаконски во списокот на над 900 судски решенија кои во претходниот период го оштетиле Буџетот за околу 11 милиони евра, колку што биле исплатени по различни основи.

Загрижувачките податоци кои ги изнесе Владата на завчерашната седница покажуваат дека од Буџетот треба да се исплатат и 22 милиона евра за отштети по најразлични основи, а се заканува опасност од одлевање од државната каса дури на 33 милиони евра. Но, во Министерството за правда предупредуваат дека е можно сумата да е уште поголема поради судските постапки кои се во тек, а за кои тие немаат прецизни информации.

Според сознанијата на „Утрински весник", еден од потешките случаи за кој секој момент се чека извршно судско решение за да се симнат парите од државната сметка е и отштетата од околу пет милиони евра кои државата треба да му ги исплати на „Макпетрол".

Министерот за правда, Маневски, ги посочи Јавното правобранителство и министерствата како главни виновници за празнењето на државната каса, образложувајќи дека тие недоволно го бранеле државниот интерес. Тој најави де-ка ќе ги стават под лупа сите судски решенија за отштета од над милион евра, додека во иднина претставник од државните институции и министерства задолжително ќе присуствува на судските рочишта. Токму поради тоа во Владата велат дека ќе ги разгледаат ваквите случаи, особено оние со поголеми суми, со цел да се види каде сж уште има законски изгледи да се заштити државата од плаќање на толку високи износи. Сепак, новите власти се надеваат дека ќе се изнајде решение за овој проблем, за што се подготвува и ребаланс на Буџетот.

Министерот за правда, Михајло Маневски, вели дека во периодот од 1 јануари годинава до 24 август се реализирани околу 974 решенија за присилна исплата во износ од околу 11 милиони евра. Откако ги согледале бројките, одлучиле да формираат работна група со претставници од министерствата за правда и за финансии, Јавното правобранителство и Генералниот секретаријат на Владата за да согледаат што ги очекува во наредниот период. Според податоците што ги добиле од Јавното правобранителство, постојат уште 657 правосилно завршени предмети, чиј главен долг по разни основи изнесува 589 милиони денари. „Извршени се вкупно 974 решенија, а остануваат уште 657. Трошоците за главниот долг изнесуваат над 18 милиони денари или вкупно главниот долг и трошоците изнесуваат некаде околу 608 милиони денари. Ако се додаде тука и каматата, која е повисока отколку главниот долг, апроксимативно би можело да произлегува дека практично станува збор за сума од над 1,3 милијарда денари", вели министерот Маневски во изјавата за „Утрински весник". Тој додава дека повеќе од 50 отсто од долгот на државата се камати.

Маневски појаснува дека станува збор за три вида судски постапки од кои најобемни се постапките за воени дејства и надомест на материјална и нематеријална штета. Вторите се однесуваат за надомест на штета по донесени акти во управна и друга постапка или по основа на работен однос, а третите за надомест на штета по основа на неоправдано осудени или притворени лица. „Забележани се многу субјективни слабости кај министерствата кои не ги презеле потребните мерки и средства за заштита на имотните права и интереси на Македонија. Тие недоволно презеле мерки за заштита на имотните права. Постојат и низа слабости во работата на Јавното правобранителство, бидејќи тоа во определени случаи не поднело жалба", вели Маневски. Како примери тој ги посочи случаите "Бачило" и „УПА ентерпрејз", за кој од државниот буџет неосновано се одлеале 1,15 милиони евра. Сомнителен, според Маневски, е и случајот со тетовската фирма на која ч се исплатени 500 илјади евра отштета од конфликтот, иако, според одлуката на Врховниот суд, објектот немал дозвола за градба.

„Постојат и случаи на намерно одолжување на постапката, но ги испитуваме. Сите овие судски решенија се огромен товар за државата, па затоа размислуваме и за измени во Законот за облигациони односи", оценува министерот кој смета дека во иднина споровите ќе треба да се решаваат спогодбено. „Станува збор за големи корупциски скандали. Од државната каса да се одлеат толкави средства значи дека постои злоупотреба на функцијата каде што не може да се исклучи можноста за спрега со вршители на власта во Македонија", изјави Маневски. Тој се сомнева и во постапувањето на истиот заменик на јавниот правобранител со случаите со УПА ентерпрајз" и „Бачило". Но, истовремено ги отфрла шпекулациите за наводен реваншизам на новата спрема старата власт.

„Утрински весник" дознава дека еден од поголемите „издатоци" со кои ќе се соочи државната каса ќе биде отштетата од пет милиони евра за „Макпетрол" поради настанот од 2001 година кога на компанијата ч беа задржани цистерните со нафта неколку недели на граница. Според сознанијата, за овој случај веќе постои правосилна судска пресуда, од која во секој момент се очекува извршно судско решение со кое овие пари ќе се симнат од сметката на државниот буџет.

Случајот со цистерните на „Макпетрол" датира уште од 2001 година, од времето на Владата на Љупчо Георгиевски, кога тогашното раководство на Царинската управа без законска основа ги држело на граница цистерните со нафта на компанијата неколку недели. „Макпетрол" пресмета голема штета како изгубена добивка и врз таа основа ја тужеше државата, по што судот пресуди во полза на компанијата, одобрувајќи ч отштета од околу 4 милиони евра. Таквата пресуда ја потврди и Врховниот суд. Таа сума од многу експерти беше оценета како спорна.

Претходната власт на СДСМ, во времето кога премиер беше Хари Костов, понуди компромисно решение, овие пари да се компензираат како дел од влогот на „Макпетрол" во гасоводот, со што фирмата таму би станала доминантен сопственик. Но, по жестоките реакции во јавноста, идејата беше отфрлена.

Потоа Владата реши да побара друг начин, а тоа беше јавниот правобранител да побара повторување на целата судска постапка, со оглед што во претходната државата не ја бранел правобранителот како што налагаат прописите, туку адвокат на Царината. Но, и од повторената судска постапка државата излезе губитник, бидејќи судските инстанци и тогаш пресудија во полза на „Макпетрол". Разликата беше во тоа што државата треба да исплати и плус камати, кои дополнително се натрупале на долгот, или вкупно пет милиони евра.

По таа конечна пресуда на Апелациониот суд, која беше донесена во мај минатата година, претставниците на претходната влада изјавија дека штом ќе ја добијат, ќе ја испочитуваат судската пресуда.

Министерот за финансии, Трајко Славески, и вчера повтори дека во дел од овие случаи е „очигледно дека државниот интерес не бил штитен на потребното ниво" од државните институции. (Ж.Ѓ.-Н.Н.Ф.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Објавено пред

Од

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и интензивното користење на екраните за менталното здравје и развојот на адолесцентите. Истражувањата сугерираат врска со послаб сон, поголем ризик од дебелина, послаби когнитивни способности и зголемување на депресијата, анксиозноста и самоубиствените мисли, објавува Washington Post.

dobivaj vesti na viber

Ран Барзилај, истражувач на Универзитетот во Пенсилванија и детски психијатар во Детската болница во Филаделфија, спроведе анализа на повеќе од 10.500 деца во 21 истражувачки центри во Соединетите Американски Држави. Резултатите покажаа дека децата кои го добиле својот прв паметен телефон на 12-годишна возраст имале повеќе од 60 проценти поголем ризик од лош сон и повеќе од 40 проценти поголем ризик од дебелина, во споредба со оние кои добиле телефон на 13-годишна возраст.

„Ова не е нешто што можете да го игнорирате“, рече Барзилај. Резултатите го наведоа да ја промени својата лична одлука: Додека неговите две постари деца добиле телефони пред 12-годишна возраст, неговото најмало дете засега нема да добие.

Со години, дебатата за влијанието на паметните телефони и социјалните медиуми врз младите луѓе е обележана со спротивставени и честопати анегдотски докази. Родителите, наставниците и лекарите предупредуваат на намалена концентрација, полоши оценки и зголемување на проблемите со менталното здравје, но научните докази долго време се мешани.

Тој модел се промени во втората половина на 2025 година. Големите студии сега сè повеќе доаѓаат до слични заклучоци, што е реткост во претходните истражувања.

Податоците од големата американска студија „Адолесцентен мозок и когнитивен развој“ (ABCD), која следела речиси 12.000 деца родени помеѓу 2005 и 2009 година, им дадоа на научниците детален преглед на развојот на адолесцентите.

Студија објавена во списанието JAMA покажа дека децата со поголема и зголемена употреба на социјалните медиуми постигнале полоши резултати во задачите за мерење на меморијата, вокабуларот, брзината на обработка на информации и разбирањето на читањето. Иако разликите биле релативно мали, тие биле конзистентни.

Водечкиот автор на студијата, Џејсон Нагата од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, рече дека резултатите се споредливи со пад на оценките „од А до Б“. Тој забележа дека дури и децата кои користеле социјални медиуми околу еден час на ден покажале полоши когнитивни перформанси од оние кои воопшто не ги користеле.

Друга студија, објавена во списанието Pediatrics, ја поврза употребата на социјалните медиуми со зголемени симптоми на невнимание, за разлика од играњето видео игри или гледањето телевизија.

Научниците велат дека не е важно само времето поминато пред екран, туку и како го користите. Студија објавена во JAMA во јуни направи разлика помеѓу вкупното време поминато на интернет и таканаречената зависност, што вклучува немир без уреди и неможност за намалување на употребата.

Вкупното време поминато на интернет не беше директно поврзано со ризикот од самоубиство, но адолесцентите со зголемени зависности имаа два до три пати поголема веројатност да имаат самоубиствени мисли и однесувања.

Студијата на Барзилај, објавена во декември во списанието Pediatrics, откри дека возраста на која детето го добива својот прв паметен телефон има долгорочно влијание врз благосостојбата. Слични резултати беа пронајдени во меѓународна студија објавена во јули, која откри дека добивањето телефон пред 13-годишна возраст е поврзано со полошо ментално здравје во раната зрелост, особено кај девојчињата.

Дебатата сè повеќе се префрла од научните кругови на јавните политики. Австралија овој месец стана првата земја во светот што ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години, а Малезија најави слични мерки. Во САД, некои држави веќе воведоа ограничувања, додека поранешниот градоначалник на Чикаго, Рам Емануел, ги нарече социјалните медиуми криза во јавното здравје.

Експертите предупредуваат дека само забраните не се најефикасни. Џенифер Каценштајн, детски невропсихолог во Џонс Хопкинс, истакнува дека децата често го имитираат однесувањето на своите родители, особено кога станува збор за користење на нивните телефони навечер.

Истражувањата покажуваат дека постепеното намалување на времето поминато пред екран, дури и за еден час на ден, може да има долгорочни позитивни ефекти врз квалитетот на животот, подобриот сон и менталното здравје.

Барзилај нагласува дека целта на студијата не е да се обвинат родителите. „Децата порано добиваа паметни телефони на многу мала возраст затоа што не знаевме доволно. Сега знаеме“, рече тој.

Тој му објасни на својот деветгодишен син зошто сè уште не би добил телефон: „Го правиме ова за да ве заштитиме. Целиот ваш живот е наменет за технологија. Сакаме да ја воведеме одговорно и во согласност со вашето здравје“.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски бесен на Индија и Емиратите

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги критикуваше Индија, Обединетите Арапски Емирати и другите земји кои го осудија наводниот украински обид за атентат врз Владимир Путин, а во исто време ги игнорираа масовните руски напади врз украинските градови, пишува The Kiev Independent.

dobivaj vesti na viber

„Збунувачки е и срамно што некои земји, како што се Индија, ОАЕ и неколку други, ги осудија она што го тврдат како наши напади со беспилотни летала врз резиденцијата на Путин – што воопшто не се случило“, рече Зеленски за време на онлајн прес-конференција со украински новинари.

„Каде е нивната осуда на фактот дека нашите деца се бомбардирани и луѓе се убиваат цело време? Искрено, не слушам такво нешто од Индија или од Обединетите Арапски Емирати.“

Русија тврди дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин во регионот Новгород со 91 беспилотно летало. Руските власти не доставија никакви докази за ова тврдење. Украина го негираше обвинението, нарекувајќи го најнов руски обид да ги поткопа мировните преговори.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати во понеделник објави на социјалната мрежа X дека „силно го осудува“ „грозоморниот напад“ и „заканата што ја претставува за безбедноста и стабилноста“. Иако ОАЕ одиграа улога во преговорите за ослободување на воените заробеници, земјата одржува блиско стратешко партнерство со Русија.

Индискиот премиер Нарендра Моди вчера напиша дека е „длабоко загрижен“ од извештаите за наводниот напад и ги повика и Украина и Русија да „избегнуваат какви било дејствија што би можеле да ги поткопаат“ мировните преговори.

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Објавено пред

Од

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот Владимир Путин, велејќи дека сака да ги види американските разузнавачки информации за инцидентот.

dobivaj vesti na viber

„Не е јасно дали ова всушност се случило“, изјави Витакер за „Фокс Бизнис“, за инцидентот, што Украина го негираше.

„Се чини малку несоодветно да се биде толку блиску до мировен договор, а Украина навистина сака да преговара за мировен договор, а потоа да направи нешто што може да се смета за неодговорно и бескорисно“, рече тој.

Русија соопшти дека Украина ја нападнала претседателската палата во регионот Новгород со 91 беспилотни летала со долг дострел. Се вели дека ќе има одмазда и дека преговарачката позиција на Русија ќе биде заострена во преговорите.

Украина ги нарече руските обвинувања „лаги“ насочени кон оправдување на повеќе напади врз Украина, додека украинскиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Русија не презентирала никакви докази „бидејќи нема докази“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека Путин му кажал во телефонски разговор дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата. Трамп рече дека тоа го налутило „многу“. На прашањето дали има докази за таков напад, Трамп рече: „Ќе дознаеме“.

Белата куќа одби да коментира за наводниот инцидент, како и претставници на американската разузнавачка заедница и самата ЦИА.

„Ќе ги разгледаме разузнавачките информации. И за мене, најважно е што велат американските разузнавачки служби, како и разузнавачките служби на нашите сојузници, за тоа дали овој напад навистина се случил“, рече Витакер.

По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида во неделата, Трамп рече дека тој и Зеленски „можеби се многу блиску“ до договор за прекин на војната, иако најспорните територијални прашања остануваат нерешени.

Зеленски претходно изјави: „Оваа приказна за наводниот напад врз резиденцијата е целосна измислица наменета да ги оправда нападите врз Украина, вклучително и Киев, како и одбивањето на Русија да преземе потребни чекори за прекин на војната. Типични руски лаги.“

Русија контролира нешто помалку од една петтина од територијата на Украина и тврди дека нејзините сили напредуваат.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет18 минути

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет21 минута

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет24 минути

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија14 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија17 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ18 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија18 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија19 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија20 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет21 час

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија21 час

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија22 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија22 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија22 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион23 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа1 ден

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет2 дена

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...