Македонија
Јолевски – Македонија останува активна во разговорите за името
Македонија е активна во разговорите за прашањето за името и очекува взаемно прифатливото решение, кое треба да го зачува идентитетот, дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани
За Макфакс го изјави македонскиот преговарач за името амбасадорот Зоран Јолевски по средбата во Њујорк со медијаторот на ОН, Метју Нимиц, на која му ги пренесе ставовите на Македонија, во врска со последниот сет идеи за решение, откако тоа завчера веќе го направи Грција.„На денешната средба со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, ги пренесов ставовите на Македонија што се однесуваат на модифицираниот сет на идеи презентиран во Скопје на 7 јули 2009 г“, рече амбасадорот“.„Ние на оваа средба ја искористивме можноста да ги презентираме нашите ставови на начин што ќе овозможи овој континуиран дијалог да продолжи. Македонија е посветена активно да учествува во разговорите за името и очекуваме заемно прифатливото решение, кое треба да го зачува идентитетот, дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани и да се базира врз евроатлантските вредности и принципи на демократијата“, изјави македонскиот преговарач.Амбасадорот Јолевски истакна дека „Македонија ги исполни сите критериуми за да стане членка на НАТО и затоа нејзините граѓани со право очекуваат нејзино брзо интегрирање, бидејќи тоа го имаат заслужено и ги споделуваат вредностите на евро-атлантските институции“.Јолевски по денешната средба очекува медијаторот да го информира за неговите планови за следните чекори во разговорите за разликите околу името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски
Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ.
„За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда.
– Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница.
– По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса?
– Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш“, вели Димитриевски.
Македонија
СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме
СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.
„Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците“, велат од СДСМ.
„Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности.
СДСМ бара од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани“, соопштуваат од партијата.
СДСМ повикува на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации.
Македонија
(Видео) „Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме“ – Левица бара одговорност
„Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта“, велат од партијата Левица.
„Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.
Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.
Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија“, се наведува во соопштението на Левица