Свет
Брисел бара „црна листа“ на нерешените корупциски случаи
Сите нерешени корупциски случаи во Македонија да бидат објавени на „црна
листа“.
Сите нерешени корупциски случаи во Македонија да бидат објавени на „црна
листа“.
Кривична и политичка одговорност за несовесните трошаџии на државните
пари кои склучиле незаконски финансиски зделки, строга контрола на јавните
набавки, зајакнување на внатрешните ревизии, компетентен правосуден систем,
забрзување на судските постапки. Ова се некои од препораките кои на Македонија
и’ ги сугерира Европската комисија за во иднина да постигне успех во борбата
против корупцијата и да се одлепи од дното на листата со најразвиените земји со
корупција.
„Според индексот за корупција на меѓународната ’Транспаренси‘, Македонија е на
многу ниска позиција. Тоа значи дека перцепцијата на широката јавност за
корумпираноста во земјата е многу висока. И само еден случај на корупција може
да предизвика огромни штети. За да се спречи корупцијата, најважна е нејзината
превенција. Затоа треба да се воспостават соодветни правила и прописи, внатрешни
контролни механизми и вклучување лица со високи етички стандарди“.
Ова на адреса на одговорните структури во Македонија вчера им го порача
потпретседателот на Европската комисија, Сим Калас, од дводневниот форум на
шефовите на врховните ревизорски институции на земјите-кандидати и потенцијални
кандидати што се одржа во Скопје.
Препораките на ревизорите запишани во извештаите за финансиското работење на
државните органи се најдобриот и најлесниот пат што да се преземе и како да се
постапи. Но, најважно е што следува како процес откако ќе се даде ревизорската
препорака. За жал, во Македонија се’ уште е многу низок процентот на наоди со
констатирани неправилности кои добиваат завршница пред надлежните органи.
„На Државниот завод за ревизија му се потребни поголема независност и поголема
поддршка од извршната власт. Но, истовремено и поголема соработка со
законодавната власт која е во позиција да врши вистинска пресија со чешлање на
ревизорските извештаи и со постапување по нив. Естонија е една од европските
земји во која постои парламентарна комисија чија задача е да ги чиста
извештаите и да презема мерки. Критичните случаи добиваат највисок приоритет и
разрешница. Тоа е и нашето барање“, вели главниот државен ревизор, Драгољуб
Арсовски. (К.Ч.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

