Свет
Осумдесетина државни службеници зеле 4,5 милиони евра поткуп
Осумдесетина високи владини функционери, полицајци, лекари и други службеници за првите три месеци од годинава зеле 4,5 милиони евра поткуп, соопштија од кабинетот на премиерот.
Осумдесетина високи владини функционери, полицајци, лекари и други службеници за првите три месеци од годинава зеле 4,5 милиони евра поткуп, соопштија од кабинетот на премиерот.
За овој период Министерството за внатрешни работи за злоупотребата на службената должност и овластувања поднело кривични пријави против 82 државни службеници.
Според официјалните податоци, сите тие службеници во 70 поединечни случаи зеле поткуп на работното место. МВР во многу наврати открило случаи на поткупени полицајци, а за сите службеници поднело кривични пријави.
Биле откриени проневери на огромни суми при приватизации и нелегални трансакции во десетина македонски фирми: „Диос“, Струмица (7,5 милиони денари), „Прима“, Кочани (5 милиони денари), „Табак“, Охрид (2,5 милиони денари), „Виор Ростфрај“, Охрид (4,2 милиони евра), „Македонски шуми“ подружница „Бор“, Кавадарци (1,5 милион денари) и „Шести ноември“, Валандово (3,5 милиони денари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.
Свет
Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад
Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми во Украина.
„Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонскиот објект „Укренерга“. Екипите за поправка на „Укренерга“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите“, изјавил операторот, а пренесува „Укринформ“.
Во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и дека во неделата од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.
Регион
(Фото) Трагедија: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила в река во Албанија
Полицијата во Албанија соопшти дека мајка со три деца се фрлила во реката Бојана и дека нејзиниот маж е уапсен. Полицијата го уапсила Ергис Арази (31) поради насилство врз сопругата Алма Арази (39), која наводно се самоубила со трите деца. Децата беа на возраст од девет, шест и четири години, пишува Блиц, кој пренесува на порталот Euronews.al.
View this post on Instagram
По трагичниот настан, рибар го пронашол телото на 9-годишната ќерка, а надлежните се уште трагаат по телата на мајката и уште двете деца кои исчезнаа пред три дена. Полицијата наведува дека постои сомневање дека мајката го напуштила станот со децата бидејќи сопругот ги малтретирал. Тој додава дека Арази (31) и претходно бил осуден за обвиненија поврзани со дрога.