Македонија
Дисциплински постапки против вработени во МВР
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се четири решенија против четири вработени во МВР поради сторени повреди во работењето и едно решение за запирање на дисциплинска постапка бидејќи нема повреда во работењето
На четири вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените, а се работи за: Д.Т. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Блаце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (го изгубил службениот пиштол);Потоа Е.Ф. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (се одалечил од работното место);Р.Г. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (заспал на работното место); Ј.М. инспектор во полициска станица Делчево, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месецa (навремено не изготвил кривична пријава).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

