Македонија
ЈАТ најави комерцијална соработка со МАТ
ЈАТ веќе оваа недела започнува комерцијална соработка со македонската авиокомпанија МАТ
ЈАТ веќе оваа недела започнува комерцијална соработка со македонската авиокомпанија МАТ.
Ова, како што јавија белградските гласила, денеска го изјави претседателот на Управниот одбор на српската авиокомпанија ЈАТ Саша Влаисављевиќ, повторувајќи дека неговата компанија е заинтересирана за преземање на мнозинска сопственост во МАТ.
Влаисављевиќ минатата недела соопшти дека ЈАТ го презема МАТ, со трансформација на долгот од околу 10 милиони долари во сопственички влог.
Ова беше отфрлено од македонската авиокомпанија, која соопшти дека за решавање на отворените прашања меѓу двете компании се формирани посебни групи.
МАТ минатата недела соопшти дека меѓу двете компании е постигната начелна согласност за стратешко партнерство, која подразбира долгорочна деловно-техничка соработка во насока на користење воздухоплови, одржување на авионите на МАТ од страна техничкиот кадар на ЈАТ, заеднички комерцијални проекти, а отворена е и можноста за учество на ЈАТ во капиталната структура на МАТ..
Според прелиминарните проценки загубите на ЈАТ во минатата година се движат меѓу 25 и 28 милиони евра. /крај/б92/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

