Свет
Римјаните во паника: предвиден земјотрес за 11-ти мај
Жителите на главниот град на Италија сè повеќе креваат паника поради предвидувањето на еден покоен сеизмолог, кој изјавил дека Рим ќе го погоди разорен земјотрес на 11-ти мај.
Жителите на главниот град на Италија сè повеќе креваат паника поради предвидувањето на еден покоен сеизмолог, кој изјавил дека Рим ќе го погоди разорен земјотрес на 11-ти мај. Бенданди, кој во 1979 година починал на 86 годишна возраст, верувал дека земјотресите се последица на комбинации на планетите, поточно на односот на Месечината и Сонцето и дека се целосно предвидливи. Италијанскиот сеизмолог Алесандро Амато ја негира оваа теорија и вели дека научно е недокажана, поради што нема причина за паника и страв. Сепак, масло на оганот долева фактот што Бенданди точно во ден го предвидел земјотресот што во 1923 година го погодил Јадранското море. За своето предвидување тој подоцна добил и одликување. Контраверзниот италијански научник Џианпаоло Џулијани, кој го најавил земјотресот во Л’Аквила, тврди дека на Рим сепак му се заканува опасност. Џулијани само ден пред да се случи земјотресот кој однесе 300 животи во Л’Аквила, изјавил дека ќе има земјотрес, но никој не му верувал, па дури бил и обвинет за лажна тревога. Судот го ослободил од обвинението признавајќи дека со научен метод го предвидел земјотресот, нагласувајќи сепак, дека не бил прецизен во лоцирањето на катастрофата. /крај/дн/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.