Свет
Ахмадинеџад во посета на Сирија

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пристигна денеска во посета на Дамаск, јавија светските медиуми.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пристигна денеска во посета на Дамаск, јавија светските медиуми.
Посетата на Ахмадинеџад на својот сојузник, претседателот на Сирија, Башар ал Асад, доаѓа еден ден по повикот на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, Сирија да се оддалечи од Иран.
На Иран му се закануваат нови санкции бидејќи Западот се сомнева дека Ахмадинеџад настојува да произведе нуклеарно оружје под изговор дека развива своја сопствена мирољубива нуклеарна програма.
САД инсистираат на изолација на Иран и оддалечување на оваа земја од Сирија, чии врски со САД се подобрија по доаѓањето на власт на Барак Обама.
Асад и Ахмадинеџад ќе разговараат за односите помеѓу двете пријателски земји, како и за меѓународни и регионални прашања.
Според информациите на една иранска новинска агенција, претседателот Ахмадинеџад непосредно пред посетата изјавил дека се додека ционистите претставуваат закана за исламските земји, потребно е Сирија и Иран да се консултираат и да донесат одлука како ќе се спротивстават на овие закани./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.
Свет
Голем видовденски протест вечерва во Белград, студентите се огласија за ненадлежни за она што ќе се случува по 21 часот

Денес, кога Србија празнуива Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот, објави Нова.рс.
Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност.
Првото барање е распуштање на Народното собрание, со цел да се распишат предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е Владата да апелира до Министерството за внатрешни работи до 21:00 часот на 28 јуни, во согласност со член 18 од Законот за јавни собири, кој се однесува на чл. 8 од истиот Закон, да се прекине наводно пријавениот собир во Пионирскиот парк и плоштадот Никола Пашиќ.
Свет
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако извештаите покажат загрижувачки заклучоци за збогатување на ураниум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека апсолутно ќе го преиспита бомбардирањето на нуклеарните објекти на Иран доколку смета дека е потребно, пишува „Си-ен-ен“
„Секако, без сомнение, апсолутно“, им рече Трамп на новинарите во брифингот во Белата куќа, кога директно беше прашан дали би размислил за бомбардирање на земјата доколку идните разузнавачки извештаи покажат загрижувачки заклучоци за збогатувањето на ураниум на Иран.
Трамп рече дека не верува дека Иран би можел „повторно да влезе во нуклеарната програма во скоро време“ по нападите на САД врз неговите нуклеарни објекти минатата недела.
Администрацијата продолжи да изразува доверба во успехот на тие напади, но не понуди никакви разузнавачки податоци за да го поткрепи тврдењето на Трамп дека нуклеарната програма на Иран е, според неговите зборови, уништена.
„Може ли да ви кажам – тие се исцрпени. И Израел е исто така исцрпен. Разговарав со едната и со другата земја, и двете сакаа тоа да се реши – и двете – и ние направивме одлична работа. Но, тие се исцрпени. Последното нешто за кое размислуваат во моментов е нуклеарното оружје. Знаете за што размислуваат? Тие размислуваат за утре, за тоа како да преживеат“, рече американскиот претседател.