Европа
Нуклеарната одбрана на Британија ќе чини 167 млрд фунти

Вкупните трошоци на замената и одржувањето на нуклеарната одбрана на Велика Британија ќе достигне 167 милијарди фунти, многу повеќе отколку што се очекуваше, покажуваат пресметките направени врз основа на официјалните податоци.
Доколку овие процени се покажат точни, тоа ќе им даде дополнителни аргументи на критичарите кои велат дека Велика Британија не би требало да троши толкави суми на одбраната во време кога владините мерки за штедење го погодуваат просечното британско семејство.Владата на премиерот Дејвид Камерон досега уверуваше дека трошоците за замена застарените подморници кои носат ракети со нуклеарни боеви глави ќе чинат само меѓу 15 и 20 милијарди фунти.Критичарите, вклучително и Шкотската национална партија (SNP) која се зазема за отстранување на системот „Тридент“ од Шкотска, проценуваа дека Британија ќе мора да потроши 100 милијарди фунти, врз основа на извештајот на специјалната комисија од 2014 година.Во пишаниот одговор на конзервативниот пратеник Криспин Блант, министерот за одбрана Филип Дан наведе во петокот дека четирите нови подморници ќе чинат 25 милијарди фунти. Министерот додаде дека трошоците за одржување на „пензионираните“ подморници ќе изнесува околу 6 отсто од годишниот буџет на одбраната. Вкупниот воен буџет за 2014/2015 година изнесуваше 33,8 милијарди фунти, а за 2015/2016 порасна на 34,1 милијарди фунти.„Мојата пресметка покажува дека вкупните трошоци за подморниците до 2028 година и продолжувањето на ракетната програма до 2060 година, ќе изнесува 167 милијарди фунти. Врз обновената програма ‘Тридент’ ќе бидат потрошени повеќе од двојно повеќе пари отколку за неговиот претходник… Таа цена за нашите даночни обврзници и конвенционална војска е превисока, нерационална и нечувствителна“, оцени Блант.Запрашан за тој голем пораст на трошоците, портпаролот на министерството за одбрана изјави дека владата изработила анализа на алтернативата на програмата „Тридент“ која „покажа дека ниеден алтернативен систем не е ефикасен и исплатлив како Тридент“.„Со издвојувањето од околу 6 отсто од годишниот одбранбен буџет, трошоците за замената и одржувањето на нуклеарната програма се прифатливи и претставуваат инвестиција во капацитети кои имаат важна улога во британската национална безбедност“, додаде портпаролот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин