Спорт
Платини му е лут на Фергусон
Претседателот на УЕФА Мишел Платини е незадоволен од изјавата на Алекс Фергусон, дадена по елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиони.
Претседателот на УЕФА Мишел Платини е незадоволен од изјавата на Алекс Фергусон, дадена по елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиони. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, во средата навечер изјави дека неговата екипа е казнета со тоа што ќе мора да игра во Лига Европа. „Светот не се врти околу англискиот фудбал и тоа мора да биде јасно. Многу го сакам англискиот фудбал, бидејќи се игра одлично и навивачите се сјајни, но фудбал се игра и во другите земји. Тоа што ја освојувал Лигата на шампиони, не му дава за право да ја омаловажува Лига Европа. Знам дека Фергусон е разочаран што ги заврши настапите во Лигата на шампиони, но и други екипи покажаа дека за нив таму има место“, рече Платини. Инаку, со елиминацијата на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Валенсија и Порто од Лигата на шампиони, неочекувано Лига Европа стана силно натпреварување, со оглед на тоа што таму неколку квалитетни екипи веќе обезбедија пласман во нокаут фазата. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Галатасарај со Осимен го растури Фенербахче на Жозе Мурињо
Во големото дерби на турскиот фудбал, актуелниот шампион Галатасарај победи со 3:1 на стадионот на Фенербахче. Галатасарај има шест победи со што го изедначи најдобриот старт на клубот во Супер лигата.
Гостите поведоа во 21. минута со автоголот на Доминик Ливаковиќ. Топката по ударот на Лукас Тореира се одби од стативата се одби од грбот на Ливаковиќ и заврши во голот.
Осум минути подоцна беше 2:0 за гостинскиот тим, а во главните улоги беа двајца поранешни играчи на Наполи.
Виктор Осимен, големото засилување на Галата оваа сезона, атрактивно со гради му асистираше на Дрис Мертенс, а ветеранот ја зголеми предноста на својот тим.
Кога во 60. минута 20-годишниот Бразилец Габриел Сара зголеми на 3:0, јасно беше дека Фенербахче ќе го доживее првиот пораз сезонава.
Две минути подцна Џеко од пенал постигна гол за Фенербахче. До крајот на мечот Фенербахче напаѓаше, имаа играчите на Жозе Мурињо две добри шанси но резултатот остана 1:3.
Галатасарај по првите шест кола има исто толку победи, на табелата има пет поени повеќе од Фенербахче.
Спорт
Шаховска партија во Торино, Јуве и Наполи ремизираа без голови
Фудбалрите на Јувентус и Наполи го разочараа фудбалскиот аудиториум во Италија, одиграа без гоови во дербито.
Првото полувреме мина во јалова иницијатива на Јувентус. Повеќе се играше на половината на Наполи, но без конкретна шанса за гол.
Во вторито дел Јувентус тргна поофанзивно кон голот на Наполи и со тоа покажа дека сака да победи.
Свои шанси имаа Веа и Јилдиз, но како се ближеше крајот на натпреварот се поизвесно беше дека ова дерби ќе заврши без голови.
Ова е трет натпревар во низа кој Јувнетус го одигра без голови. Избраниците на Тиаго Мота сепак не примија гол во домашниот шампионат.
Спорт
(Видео) Миовски стартер, Џирона загуби во Валенсија
Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.
Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.
Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.