Македонија
СДСМ: Владата потроши милион евра за еден месец за рекламирање
Владата потрошила милион евра за еден месец за скапо платени реклами, тврдат од СДСМ.
Владата потрошила милион евра за еден месец за скапо платени реклами, тврдат од СДСМ.„Од овие пари, дури 600.000 евра се потрошени за промовирање на наводните реформи во судството. Погодувате, најголем дел од парите земала омилената агенција на фамилијата, „Република“. Дел од колачот земала и агенцијата „Маркет визион“ за која се зборува дека е поврзана со омилениот мегафон на Груевски, Драган Павловиќ-Латас“, рече на денешната прес конференција, Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ. Георгиев изјави дека нови 150.000 евра се потрошени за промоција на ИПАРД фондовите, а дополнителни 150.000 евра Груевски потрошил за рекламирање за реформите во јавната администрација.„Уште 160.000 евра се фрлени за рекламирање на наводните реформи во здравството. Ете ги парите, а каде се реформите? Нив граѓаните ги гледаат само на телевизија “, рече тој и додаде дека поради сево ова, „граѓаните на 5-ти јуни ќе го вратат Груевски во реалноста и ќе го поразат“. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.