Свет
Најмалку 25 жртви во напад во Ирак

Најмалку 25 лица загинаа а околу сто се повредени во петок при самоубиствен напад во северен Ирак, јави Agence France Presse, цитирајќи неименуван зивор од тамошното министерство за внатрешни работи
Претходно Reuters информираше дека во нападот во Тал-Атар загинаел осум лица а повеќе од 120 повредени. Според ирачката полиција, автомобил бомба експлодирал за време на фудбалски натпревар на стадионот во градот, претежно населен со шиитски етнички Туркмени. Безбедносните служби сметаат дека во нападот учествувал најмалку еден бомбаш-самоубиец. Градот Тал-Атар се наоша 60 километри западно од Мосул, градот во кој се водеа најжестоките битки со сунитски бунтовнички групи кои соработуваат со Ал Каеда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Запалил спирала против комарци па ја изгорел куќата во близина на Загреб

Вчера наутро во близина на Загреб избувна пожар во куќа во сопственост на 57-годишен маж, соопшти загрепската полиција.
Истрагата утврди дека пожарот најверојатно избувнал поради пад на запалена спирала од комарци што била закачена на дрвен столб, од каде што пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот, се вели во полициското соопштение.
Пожарот бил изгаснат од пожарникари, а 43-годишен член на семејството бил полесно повреден и добил медицинска помош во Клиничката болница.
Свет
Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може да се приклучи на Европската Унија без поддршката на граѓаните на ЕУ, вклучително и Унгарците.
Сијарто рече дека украинското Министерство за надворешни работи вчера тврдело дека Унгарците немаат право да одлучуваат за кандидатурата на Украина за ЕУ, пренесува агенцијата МТИ.
Тој истакна дека не е во надлежност на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту на неговата влада, да одлучуваат за членството на Украина во ЕУ, туку граѓаните на ЕУ треба да одлучат. Додаде дека Унгарија не сака да учествува во пристапувањето кон ЕУ, „земја која носи закана од војна“, која ја загрозува „енергетската безбедност“ и некогаш „речиси донесе“ пропаст на унгарските земјоделци.
Сијарто рече дека Украина, иако бара поддршка од Унгарците, „систематски ги одзема малцинските права на унгарската заедница во Заткарпатија“ во последните десет години, пренесува Танјуг.
Свет
Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел да го елиминира врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, но дека оперативната можност за тоа не се појавила.
„Да беше на наш нишан, ќе го елиминиравме“, рече Кац во интервју за израелскиот Канал 13, наведувајќи дека Израел интензивно го барал Хамнеи, но без успех, објави „Тајмс оф Израел“.
Според него, Хамнеи се засолнил „длабоко под земја“ и ја прекинал комуникацијата со воените команданти.
Кац потврди дека Хамнеи бил цел, но дека ситуацијата станала неуправлива.
„На крајот, едноставно не беше реално“, рече министерот и за јавниот сервис Кан.
На прашањето дали Израел барал одобрение од САД за операцијата, Кац одговори: „Не ни треба дозвола за овие работи“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, јавно му се закани на Хамнеи, велејќи на 17 јуни на социјалните мрежи дека САД „точно знаат каде се крие таканаречениот „Врховен лидер““, додавајќи дека „тој нема да биде елиминиран – барем не засега“.
Кац во интервјуа нагласи дека Израел нема да продолжи да го таргетира Хамнеи по прекинот на огнот, кој стапи на сила два дена претходно, но му испрати предупредување.
Тој го спореди со лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, кого Израел, според израелските претставници, го елиминираше минатата година.
„Не би му препорачал да се опушти. Треба да учи од покојниот Насралах, тој долго време седеше длабоко во бункерот. Му препорачувам да го стори истото“, рече Кац.
Кац го нарече Хамнеи „современ Хитлер“ кој „веќе не може да постои“.
Тој рече дека целта на Израел не е промена на режимот, туку „малтретирање на режимот во средината на операцијата и вршење притисок врз Иранците“.
Тој потврди дека Израел ја одржува воздушната супериорност над Иран и е подготвен повторно да дејствува ако Техеран ги обнови своите нуклеарни или ракетни програми.
„Нема да дозволиме Иран да развива нуклеарно оружје и ракети со долг дострел“, изјави тој за Канал 12.
Кац додаде дека политиката на израелската влада е да се однесува кон Иран со принудни мерки, моделирани според стратегијата применета во Либан, но „помножени со сто“.
Зборувајќи на почетокот на конфликтот на 13 јуни, Кац призна дека израелската влада не знаела дали САД ќе се приклучат на офанзивата, но дека постои верување дека САД ќе помогнат во одбраната на Израел.
„Одбранбено знаевме дека се со нас – и тие направија неверојатна работа“, рече тој.
Кац додаде дека Трамп презел политички ризик со тоа што ги поддржал израелските операции, и покрај противењето на дел од неговата база, но дека го сторил тоа откако ги видел успесите на израелската војска во раните фази од конфликтот.
Тој, исто така, призна дека Израел не знае каде се наоѓаат сите залихи на збогатен ураниум на Иран, но тврди дека израелските напади сериозно го оштетиле капацитетот за збогатување на Техеран.
„Самиот материјал не требало да биде отстранет“, изјави тој за Канал 12.
Додека некои проценки сугерираат дека нуклеарната програма на Иран е запрена за само неколку месеци, израелските и американските претставници, вклучувајќи го и Кац, проценуваат дека ќе бидат потребни години за Техеран да се опорави.
„Ќе им требаат многу години, но ние нема да дозволиме тоа да се случи“, истакна тој.
Коментирајќи ја ситуацијата во Газа, Кац рече дека Израел нема да дозволи конфликтот да се претвори во „војна на исцрпување“, но дека војната мора да се заврши со демонтирање на воените и административните структури на Хамас и враќање на преостанатите 50 заложници.