Свет
Шебаб за Обама нуди десет камили, а десет петли за Клинтон
Сомалиската исламистичка групација ал-Шебаб во саботата со подбив одговори на наградат што за апсење на нејзините припадници ја распишаа САД.
Така тие ветија дека ќе дадат десет камили на секој кој ќе помогне во лоцирањето на американскиот претседател Барак Обама, како и десет петла за лоцирањето на американската државна секретарка Хилари Клинтон.
„Можам да кажам дека ваквите работи никогаш нема да нé одвратат од продолжувањето на светата војна против нив. Живееме за да умреме и непријателот не може да нé заплаши со пораки за смрт“, се наведува во пораката на еден од првите луѓе на исламистичкото движење во Сомалија ал-Шебаб, Фуад Мохамад Халаф кој се нарекува Шонгол, објавена на неколку исламистички интернет страници, што ја пренесува AFP.
„Не претставува ништо ново неверниците да плаќаат за убиство на водачите на муслиманската заедница, така веќе постапија ветувајќи камили за глават ана пророкот Мухамед, а долар е камилата во денешно време“, оценува Шонгол, алудирајќи на наградата за главата на пророкот Мухамед додека бегал од Мека во Медина, според муслиманската света книга Куранот.
Продолжувајќи го шегувањето Шонгол во пораката додава дека „Секој што ќе им јави на муџахединските борци каде е Обама ќе добие десет камили, а за Клинтон нудиме десет петла и десет кокошки“.
САД о четвртокот ги ставија имињата на седум водачи на сомалиската исламистичка група на листата на бараните лица и понудија вкупно 33 милиони долари за информација која ќе придонесе за нивно апсење.
Најголемата награда, седум милиони долари ќе бидат исплатени за информација којашто ќе овозможи апсење на еден од основачите на ал-Шебаб, Ахмед Абди ав-Мохамед, или за апсењето на Абу Забуџар познат по прекарот Годан.
Сомалија нема ефективна влада повеќе од две децении, со што состојбата во оваа пресиромашна африканска земја уште повеќе се влоши, особено откако сушите сé почесто напаѓаат. Исламистичките бунтовници, наречени ал-Шебаб, кои се во тесна врска со Ал Каеда, контролираат делови од престолнината Могадишу и огромни пространства од јужна и централна Сомалија./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

