Свет
Веќе пет дена трае штрајкот на вработените во Клиничкиот центар.
Средбата со премиерот Владо Бучковски, која требаше да се одржи денеска, е откажана, иако претходно од кабинетот имаше позитивен одговор
АНГЕЛЧО САЗДОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР
Министерот за здравство сака да внесе раздор во нашите редови
Средбата со премиерот Владо Бучковски, која требаше да се одржи денеска, е откажана, иако претходно од кабинетот имаше позитивен одговор. Образложението е дека “Владата не разговара под притисок, бидејќи во меѓувреме почнал штрајкот”. Д-р Ангелчо Саздовски, претседател на Синдикатот на Клиничкиот центар објаснува за натамошните чекори што ќе бидат преземени, по веста дека е откажана средбата со премиерот.
– Советот на Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар денеска ќе одржи седница и ќе решиме што понатаму, односно дали штрајкот ќе продолжи. Очекувавме премиерот да има повеќе слух за нас, отколку министерот за здравство. Во штрајкот се единствени сите вработени, а има поддршка од многу професори, дури и од директори на клиники.
l Димов тврди дека барањето за двојно зголемување на платите е несериозно и надвор од реалните можности и дека вработените не се информирани за последиците и со целта на штрајкот.
– Овие тврдења се неточни и злонамерни, а со цел да се внесе раздор во нашите редови. Беше одржан состанок на кој им укажавме на последиците од штрајкот, кој е уредно најавен уште на 22 септември. Од каде толкава грижа што вработените пет дена ќе бидат без дневници? Подобро е министерот да обезбедеше пари за зголемување на платите, како што тоа го направи министерката за правда во својот ресор.
l Што велите на обвинувањата дека немате платформа за разговори?
– Јасни се нашите барања за 100 отсто зголемување на платите. Од 2001 година тие не се зголемени, а надоместоците за дежурства ги добиваме по старо, иако од декември 2003 година тие се зголемени за 50 отсто. Доколку на суд ги побараме овие права, Клинички ќе треба да ни исплати сума од 300.000 евра годишно, и тоа без камати!
l Министерот Димов Ве потсетува дека зголемување на платите е можно само со измени во колективниот договор, за што во минатата недела било предложено да почнат и разговори. Зошто никој од вашиот синдикат не се појавил на средбата?
– Поканата за колективно договарање укажува на непознавање на овој дел од законот од страна на министерот, а со тоа сакаат и да не стават “во скутот” на Самостојниот синдикат за здравство. Не е наша обврска да преговараме за гранковиот синдикат, туку тоа е на министерот за здравство и на мнозинскиот синдикат, кои договорно треба да го донесат гранковиот колективен договор. Ние треба да донесеме колективен договор на ниво на работодавач, односно договор склучен меѓу нашиот синдикат и управните одбори на нашите членки, што треба да следи по донесување на гранковиот колективен договор.
l Директорот Андреја Арсовски е категоричен дека Клинички нема пари за зголемување на платите на вработените, бидејќи буџетот што е одобрен од Фондот за здравство е ограничен. И министерот за здравство и директорот на Клинички центар велат дека евентуално зголемување на платите може да се очекува по Нова година, кога ќе заживеат буџетите?
– Замката е токму со буџетското финансирање на јавните здравствени организации и тогаш очекуваме не поголеми, туку и помали плати. Новиот буџет на Клиничкиот центар е пресметан врз просекот од последните три години, а дури е намален за 10 отсто. Клинички центар добива од буџетот на Фондот за здравство 50 милиони евра годишно или 20 отсто од вкупниот прилив пари во Фондот, а “покрива” до 70 отсто од услугите во секундарна и 100 отсто во терцијарната заштита. За плати на вработените одат само 6 отсто од парите во Фондот. Втората замка што ја носат буџетите и голема нелогичност е “врзување” на платите со материјалните трошоци, кои ќе се подмируваат од заеднички пари. Тоа ќе значи – поголеми трошоци во работењето – помали плати за вработените. На пример, за инсулински аналози, нов лек што е воведен во 2004 година, се потрошени 400.000 евра, а во 2003 година не било потрошено ништо. Тие се издаваат преку клиничката аптека, а ќе се плаќаат од буџетот. Ако продолжи вака, ќе треба и од дома пари да носиме за потребите на Клиничкиот центар.
l Зошто во 2001 година го потпишавте колективниот договор ако тој не бил поволен за вработените?
– Тој беше потпишан под притисок на Самостојниот синдикат за здравство. Парите кои ние ги предложивме, а кои требаше да ги задоволат потребите за таков колективен договор, под притисок на тој синдикат беа намалени, од 90 на 80 милиони денари месечно за потребите на Клиничкиот центар. Точно е дека имаме помали плати од колегите во другите установи во земјата, иако имаме највисока квалификациска структура – 752 доктори, од кои 220 се и професори. Има 780 медицински сестри, чиј просечен личен доход е 13.700 денари.
l Директорот Арсовски е категоричен дека ќе им бидат намалени платите на вработените поради штрајкот, бидејќи така гласела и одредбата од Законот за работни односи?
– Иако сме во штрајк, ние работиме и нема зошто да не им бидат исплатени дневниците на вработените. Во членот 240 од Законот стои одредбата дека во услови на штрајк придонесите се уплатуваат на најниска основица на плата, а никаде не ја пишува одредбата за неисплата на плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

