Македонија
Меморијалниот центар на холокаустот ќе се отвара на 10 март 2011 година
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите кој е лоциран во поранешното еврејско маало во Скопје, ќе биде отворен на 10 март 2011 година, во знак на вечна почит за 7.148 Евреи убиени во логорот Треблинка. На отворањето ќе му претходат настани кои ќе се одржат во Скопје, Битола и Штип на 8 и 9 март следната година. На отворањето ќе присуствуваат државници од целиот свет, премиери, претседатели и претставници на еврејските заедници, а покровител на настанот ќе биде премиерот Никола Груевски.Меморијалниот центар претставува мултимедијален центар, составен од повеќе функционални делови, и ќе претставува споменик, музеј, образовен и истражувачки центар, културен центар, место за изложби и регионален центар за Југоисточна Европа.Меморијалниот центар во Македонија ќе биде еден од четирите центри во светот заедно со центрите во Израел, САД и Берлин.Центарот ќе биде отворен во неколку фази. Во првата фаза на 10 март ќе се отвори музејскиот комплекс кој во себе ќе содржи поставка која ќе го претстави животот на Евреите. За поставката ќе се погрижи познатиот Мајкл Беренбаум, кој во светски рамки претставува лидер за оваа проблематика. Беренбаум ја има поставено поставката и во Меморијалниот центар во Вашингтон.Средствата за изградбата на центарот се добиени од Фондот на холокаустот добиени со законот за денационализација, односно со враќање на имотите на Евреите во Македонија, кои немаат правни наследници, со голема поддршка од Владата и институциите во државава.Љиљана Мизрахи, претседател на Фондот, на денешната презентација на центарот истакна дека постапката за денационализација на имотите која заврши во 2007 година беше сериозен и тежок процес.„Македонија е прва и единствена земја во светот што на ваков начин се сети на оние кои загинаа во концентрациониот логор Треблинка, а кои нема кој да ги наследи. При тоа, треба да паметиме дека настаните што се случија на 11 март 1943 година се нешто што не може да се препише било каква вина на македонскиот народ и на етничките заедници во Македонија“ – истакна Мизрахи Панде Лазаревски, член на Управниот Одбор на фондот, истакна дека во Македонија не постои антисемитизам. Според Лазаревски за време на втората Светска војна 98 отсто од вкупната еврејска популација, од кои 50 проценти биле деца, биле испратени во концентрациониот логор Треблинка, на територијата на окупирана Полска„На 10 март ќе биде официјалниот погреб на 7.148 наши сограѓани, кои беа убиени во концентрациониот логор Треблинка. Да не се заборави дека тука живееле луѓе што повеќе ги нема, што исчезнале во лудилото на Втората светска војна“ – рече Лазаревски. Тој најави дека фондот следната година ќе побара од комисијата за одбележување на значајни настани да се одбележи и 100 годишнината од македонско – израелската поврзаност.Денеска еврејската заедница во Македонија брои 250 членови и важи за исклучително важна заедница во Македонија. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

