Свет
САД му се извинија на Перу за телеграмите објавени на Викиликс

Администрацијата на САД официјално му се извини на Перу за тајните депеши на американскиот амбасадор во Перу, Џејмс Кертис Страбл, што ги објави Викиликс.
Ова го изјави во интервју за перуанското радио станица Radio Programas del Peru (RPP), заменикот државен секретар за Латинска Америка, Артуро Валенцуела.
Викиликс на почетокот на декември ја објави тајната преписка на амбасадорот Џејмс Кертис Страбл, во кои тој го опишува перуанскиот претседател Алан Гарсија како „горделив и арогантен сезнајко“.
„Разговаравме со перуанскиот министер за надворешни работи, Хозе Гарсија Белаунде за објавените документи од страна на Викиликс, при што го пренесовме официјалното извинување од американската администрација. Се согласивме дека непријатната страница во историјата на нашиот однос е затворена“, рече заменик-државниот секретар на САД, Артуро Валенцуела.
Според него, перуанскиот колеги се согласуваат со ставот на САД дека објавувањето на Викиликс нема да им наштети на односите меѓу Перу и САД.
Претходно, министерот за надворешни работи Хозе Гарсија Белаунде и’ се потсмеваше на американската дипломатија, по објавувањето на тајните документи на сајтот Викиликс и американските дипломати ги нарече „полнети/препарирани будали кои бадијала го трошат работното време“.
Најголемата изненадување, рече тој, е фактот дека многу тајни депеши кои американските амбасадори ги испраќале во Вашингтон, не се поврзани со нивната службена работа. Според перуанскиот министер, тие тоа го прават само по потреба за Стејт департментот.
Интернет ресурсот Викиликс стана светски славен и истовремено озлогласен, откако почна со објавувањето на стотици илјади доверливи документи на американските власти.
Прво беа објавени документи кои се однесуваат на американските операции во Ирак и Авганистан. Потоа, кон крајот на ноември, на интернет страницата почнаа да се појавуваат копии од дипломатските телеграми кои во Стејт департментот ги испраќале американските амбасади во светот. Тие изобилуваат со екстремни гафови коишто ги објавуваат медиумите, а содржи експлицитни и често навредливи коментари за странските лидери, како и оценки за нивните политики. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.