Спорт
Балтача ја изненади Гергес во Далас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/f1967022-cd3d-4345-a03f-fb30f2d52d50.jpeg)
Елена Балтача од Велика Британија ја изненади третата носителка на тенискиот турнир во Далас, Јулија Гергес од Германија.
Елена Балтача од Велика Британија ја изненади третата носителка на тенискиот турнир во Далас, Јулија Гергес од Германија.Во второто коло од турнирот Балтача иако го загуби првиот сет со 2:6, во наредните два сета имаше повеќе трпение и смиреност и ги доби со 7:5, 7:6 (2). Втората Германка Сабине Лисицки (5) не дозволи уште едно изненадување и со 6:2, 6:1 извојува сигурна победа над Италијанката Сабине Бријанти.Во останатите мечеви од второто коло Ирина Кармена Бегу (8) од Романија со 6:4, 6:3 ја победи Гизела Дулко од Аргентина, а Јохана Ларсон од Шведска ја елиминира Израелката Сахар Пер со 6:2, 6:4.Во заостанатиот меч од првото коло Арван Резаи од Франција ја победи Магдалена Рибарикова од Словачка со 4:6, 6:2, 6:1 /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Почина Илија Темелковски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-30.jpg)
Денеска во Скопје почина Илија Темелковски (71), поранешен селектр на повеќе македонски селекции.
Илија Темелковски е легенда на Пролет, а покрај овој клуб ги водеше и Еурофарм Работник и Струга.
Како селектор на Македонија го освои 11. место на Светското првенство во 2009 година.
Со младинската селекциија фо освои четвртото место на Европското првенство во 2002 година, а во 2017 година го освои шестото место на Светското првенство.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1738574752-GettyImages-2197239998-1.jpg)
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.
РЕ-Наши фаци
Македонецот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Ервин-Цого-02.jpg)
Македонскиот баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.
Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели: „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт. Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни. Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско. Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување. Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.