Македонија
Нова демократија ќе присуствува на инаугурацијата

Пратениците од Нова демократија (НД) ќе присуствуваат на инаугирацијата на новиот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, потврди партијата
Пратениците од Нова демократија (НД) ќе присуствуваат на инаугирацијата на новиот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, потврди партијата.
Одлуката, како што соопшти НД, е донесена, откако „во последен момент е испратена покана и е потврдено доаѓањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во Македонија“.
Официјално Скопје и Приштина во понеделникот, конечно, ставија крај на конфузијата околу поканата до Сејдиу. Како што јавија дел од медиумите, договорено е косовскиот претседател да пристигне во Македонија, но, не на денешната инаугурацијата, туку во втората половина на мај, како прв странски претседател кој ќе биде примен од новиот претседател Иванов.
„Го охрабруваме претседателот на Македонија во иднина максимално да се грижи и инвестира во добрите односи со сите соседи и да биде промотор на политичкиот дијалог кој ќе ги подобрува и унапредува меѓуетничките односи во Македонија како клучен фактор за политичката стабилност и развој на интегративните процеси во НАТО и ЕУ“, соопшти партијата НД, во известувањето за нејзиното присуство на инаугурацијата. /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)