Спорт
Куш севкупен победник во спуст

Швајцарскиот ветеран, Дидие Куш го освои малиот Кристален глобус во спуст, откако го освои четвртото место на денешната трка на патеката „Силвано Белтрамети“.
Швајцарскиот ветеран, Дидие Куш го освои малиот Кристален глобус во спуст, откако го освои четвртото место на денешната трка на патеката „Силвано Белтрамети“. Куш кој по четврти пат во кариерата го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина, денешната трка ја заврши на четвртото место, што на крај се покажа како доволно за севкупен триумф, бидејќи неговиот најголем конкурент Михаел Валхофер целосно потфрли, трката ја заврши на десетото место. Пред стартот на последната спуст трка во сезоната, Валхофер имаше 14 бодови предност во однос на Куш. Победник на последниот спуст во сезоната е Адриен Тео од Франција, патеката ја мина со време од 1:22.94 минути, на второто место се пласира Јоаким Пухнер од Австрија, кој задоцни само една стотинка, додека третото место го освои Аксел Лунд Свиндал од Норвешка. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.
Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.
Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.
Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.
На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.
Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.
Спорт
Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига

Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот вице првак славеше со 34:29 во дуелот со Севесте.
Натпреварот го обележа и првото соочување на поранешните репрезентативни колеги, легендите на хрватскиот ракомет, сега тренери Иван Чупиќ и Игор Вори.
Вардар 1961 релативно лесно го доби натпреварот. Првиот дел мина во апсолутна доминација на Вардар, бргу домаќинот стекна предност од четири гола (8:4) и ја одржа до крајот на тој период.
Во вториот дел по 21:16 следуваа црните минути во играта на Вардар, дозволи серија на противникот од шест гола. Вардар бргу го врати ритамот одоговри со серија од три гола и потоа рутински го финишира дуелот.
Хориха со седум, односно Боно и Тузолана со по шест гола го предводеа Вардар 1961.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.