Спорт
Македонската карате репрезентација на „Златен појас“ во Србија
Најдобрите македонски каратисти членови на сениорската репрезентација, денеска и утре ќе се обидат достојно да го презентираат и да го афирмираат Македонското карате на силниот карате турнир „Златен појас“, кој ќе се одржи во Чачак, Србија на 16 и 17 април
Во конкуренција на 16 држави, кои се поканети и според најавите треба да пристигнат со своите најсилни состави, македонските каратисти повторно ќе ја темпираат својата форма и ќе ја реализираат последната меѓународна контрола, пред најважниот настан во овој период – Европското сениорско првенство кое ќе се одржи во мај.Поканата за учество на традиционалниот карате турнир кој се одржува секоја година во Чачак, доаѓа директно од страна на претседателот на Српскиот карате сојуз, испратена до Федерацијата на Македонија.Пое извонредното претставување на самиот старт од годината на нашите каратисти на турнирите во Париз, Ротердам, и Милано – турнири од Премиер лигата и Европската златна лига, и после извонредниот настап во Сараево, ова преставува следна проверка пета по ред и темпирање на формата на репрезентативците, предводени од искусниот тренерски тандем, селекторот Бошко Заборски и неговиот помошник Мирче Јанушевски.Во категоријата сениори ќе настапи комплетната сениорска репрезентација која ќе ја преставува Македонија на Европското првенство кое треба да се одржи во Цирих, Швајцарија од 6 до 8 мај годинава во составот ќе бидат најдобрите македонски карате натпреварувачи Наташа Илиевска, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Богдан Мицов, Ферат Корбуличи, Наташа Стефановска, Сашко Арсовски, Вања Груевски и помладите Ико Ташев, Дејан Ристовски, Мери Андова, Дренуше Мерко и Моника Стефановска. Во Чачак, исто така, ќе присуствуваат и 30-на млади каратисти од нашите најреномирани карате клубови, Макпетрол и Металург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

