Спорт
Јонуз го објави списокот за средбата со Шпанија
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација , Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на фудбалери за претстојниот пријателски фудбалски натпревар со европскиот првак Шпанија што ќе се одигра на 12. Август во Скопје.
– Се наоѓаме пред еден сто годишен јубилеј и во исто време сериозен тест за нашата репрезентација пред престојните две квалификациски средби во септември.Шпанија е апсолутен фаворит, но ние како и секогаш ќе играме како против било која друга репрезентација, а фудбалерите ке имаат шанса да играат пред преполни трибини што секако е дополнителен мотив за добра игра. .На овој натпревар влегуваме со добра атмосфера од јунските квалификациски натпревари, и тоа ке биде уште поголем предизвик за нашите репрезентативци да го дадат максимумот и да го продолжат континуитетот на постојаност и успешност.Само на тој начин, со максимално залагање и добра игра можеме да бидеме успешни. Времето за подготовки е кратко, повеќето фудбалери доаѓаат од подготвителен период. Мислам дека се добро подготвени и дека е добар предизвик, иако Шпанија е Европски шампион, да направат поволен резултат.Повикани се 17 фудбалери од минатиот квалфикациски двомеч и еден фудбалер од Националниот Тим до 21 година (Агим Ибраими), плус Шакири кој на овој натпревар ќе се прости од националниот дрес.И сами знаеме дека за минатите два натпревари беа повикани и фудбалери од нашата лига, со повикување на Агим Ибраими даваме знак дека сметаме како на фудбалерите од нашето првенство, така и на оние од младата репрезентација, за да им дадеме поттик на сите потенцијални кандидати дека сметаме на нив.Информациите со кои располагаме се дека репрезентативците се сите здрави нема повредени и дека заедно со помошта од трибините која секогаш е добредојдена, на крајот ќе се радуваме ние, изјави селекторот на националниот тим на Мирсад Јонуз.
ГОЛМАНИ:Николоски Јане ,АЕП Пафос – КипарПачовски Томе, Жерминал Бершот – БелгијаОДБРАНА:Седлоски Гоце, Матерсбург – АвстријаМитрески Игор, Енерџи Котбус – ГерманијаЛазаревски Владе, Полонија – ПолскаПопов Горан, Херенвен – ХоландијаНовески Николче, Мајнц 05 – ГерманијаМојсов Даниел, Македонија ЃПСРЕДЕН РЕД: Шумуликоски Величе, Престон – АнглијаГрозданоски Влатко, Војводина – СрбијаТасевски Дарко, Левски – БугаријаДеспотовски Филип, Ворскла – УкраинаГеоргиевски Славчо, Улсан Хјундаи – КорејаНАПАД:Пандев Горан, Лацио – ИталијаНаумоски Илчо, Матерсбург – АвстријаСтојков Ацо, Ниреѓихаза С. – УнгаријаИвановски Филип, Полонија – ПолскаИбраими Агим, Олимпија – Словенија
На натпреварот со Шпанија официјално од националниот дрес ќе се прости Артим Шакири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата
Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона.
Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари.
Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно укажува дека Флег е сегашноста и светлата иднина на клубот.
Последните три натпревари на Флег:
49 поени, 10 скока, 3 асистенции (пораз од Шарлот Хорнетс 121:123)
34 поени, 12 скока, 5 асистенции (пораз од Хјустон Рокетс 107:111)
36 поени, 9 скока, 6 асистенции (пораз од Бостон Селтикс 100:110)
Заедно со оваа статистика, НБА наведува дека Флег, роден на 21 декември 2006 година, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој одиграл три последовни натпревари со 30+ поени.
Исто така, само четворица тинејџери во НБА имале повеќе од еден одигран натпревар со 30+ поени, 5+ скока и 5+ асистенции. Тоа се Леброн Џејмс (4 такви натпревари), Кевин Дурант (2) и Лука Дончиќ (2).
Со своите неодамнешни 49 поени, тој го постави рекордот во НБА за бројот на постигнати поени од тинејџер во еден натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.

