Регион
Ципрас: Грција сака чесен договор со доверителите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја сака „чесен договор“ со меѓународните доверители, но дена тој не е подготвен на секакви отстапки, и дека и натаму е неопходно да се преговара за грчкиот долг.
„Сакаме чесен договор со нашите партнери. Но не очекувајте дека ќе потпишеме безусловна капитулација. Затоа немилосрдно нé напаѓаат., но затоа општеството ни дава поддршка“, изјави премиерот Алексис Ципрас челникот на грчката радикална левица од парламентарната говорница во понеделникот доцна вечерта.
Неговата владата пред парламентот го поднесе извештајот за првиот договор кој Атина и нејзините доверители го потпишаа на 20-ти февруари. Спроведувањето на договорот кој предвидува продолжување на меѓународните позајмици за уште четири месеци, бара од владата да подготви нов список со реформи.
Атина вети дека ќе претстави конкретен список со реформи, како што бараат нејзините кредитори, односно Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да ја одобри преостанатата транша од 7,2 милијарди евра од актуелната програма за странска финансиска помош.
Доколку Грција, чии граѓани се исцрпени од жестоките мерки за штедење, не успее да дојде до потребните финансиски средства, на 20-ти април ќе остане без пари, може да банкротира и да излезе од еврозоната. Атина претходно соопшти дека ќе ги претстави своите реформи до почетокот на седмицата, што сугерираше дека министрите за финансии од еврозоната, кои мора за тоа да разговараат, ќе се сретнат следните денови. Но сега тоа е не се чини веројатно, барем во текот на оваа седмица, изјавил за DPA европски извори кој сакал да остане анонимен.
Ципрас изјави дека на доверителите им предал список со „вистински“ реформи кои Грција ќе ја претворат во „модерна“ земја. Меѓу тие мерки, грчкиот премиер ги спомна борбата против криумчарењето тутун и горива, измамите со данокот на додадена вредност (ДДВ) и проверките на банкарските сметки на грчките државјани во странство.
Покрај тоа повторни дека е неопходно да се преговара за големиот јавен долг на земјата, од 177 отсто од бруто домашниот производ (БДП), без што „враќањето на долгот ќе биде невозможно“. Оваа дебата со доверителите „ќе започне навреме за во јуни да се склучи нов договор за развој на земјата“.
Ципрас ги нападна своите претходници поради тоа што „му ја оставиле земјата на работ на амбисот“. Поранешниот конзервативен премиер Антонис Самарас реагираше критикувајќи ги одлуките на владата на радикалната левица Сириза која ја обвини дека ја води земјата во хаос./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

