Скопје
ГТЦ ќе биде 'прегрнат' за да остане каков што е
Асоцијацијата на архитекти во петок организира собирање потписи, јавно говорење на познати уметници, писатели, публицисти, а потоа „обрач од прегратки“ околу Градскиот трговски центар во главниот град Скопје.
Откако беше најавено дека скопскиот Градски трговски центар ќе добие нов лик, започна иницијатива „Го сакам ГТЦ“, која се залага за зачувување на духот и карактерот на овој трговско-деловен објект во центарот на градот.
Според организаторите на настанот, потребни се околу 500 луѓе за да се прегрне ГТЦ.
Мотото на настанот што го организираат архитектите е „Го сакам ГТЦ“. Собирањето потписи ќе трае од 10 наутро до 19 часот вечерта на влезот во трговскиот центар. Околу 18 часот ќе се одржат неколку говори од архитекти, стручњаци и граѓани, а во 19 часот присутните ќе го прегрнат објектот.
Претседателката на ААМ, Даница Павловска, на прес-конференција во четвртокот рече дека собирот за ГТЦ не е партиски и нема политичка заднина.
„Ние побаравме од Министерството за транспорт и врски и од Kомората на архитекти на Македонија да им ги одземат овластувањата на архитектите и лиценците на фирмите-изведувачи и така да го спречат рефасадирањето на центарот. На ГТЦ не му е потребна нова фасада, туку заживување и подобрување на програмските содржини“, рече Павловска.
Според најавите, реконструкција на Градскиот трговски центар подразбира доградба на уште еден кат, а потоа да стане објект од затворен тип и да добие фасада во барок стил.
Барокната фасада долго е идеја на раководството на ГТЦ, а веќе е избрано и проектно решение, чии автори се архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, а предвидено е објектот да има три куполи, антички столбови и тераса со скулптури на последниот кат. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

