Македонија
Приватниот секретар на принцезата Дајана во октомври во Скопје
Патрик Џефсон, првиот и единствен приватен секретар на принцезата Дајана и Мари Џо Џакоби, поранешен специјален асистент на американски претседатели ќе го посетат Скопје на 4 октомври
Патрик Џефсон, првиот и единствен приватен секретар на принцезата Дајана и Мари Џо Џакоби, поранешен специјален асистент на американските претседатели Џорџ В. Буш и Роналд Реган, како и на нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, ќе го посетат Скопје на 4 октомври, во рамките на нивната балканска турнеја.
Патрик Џефсон, светски прзнаен експерт за медиуми, исто така е и автор на два бестселера за принцезата Дајана. Интересно е да се истакне дека Мари Џо Џакоби е единствената жена во историјата која има рабптено и за двајца американски претседатели и за британската кралица.
Двајцата глобални експерти за медиуми и создавање на репутација ќе имаат специјално излагање пред македонската јавност на ексклузивниот настан, насловен Reputation Management Masterclass (Менаџмент на репутација), организиран од организацијата со седиште во Дубаи, „Леорон ивентс“.
За подетални инфорамции за нивната посета на Македонија, посетете ја страницата www.leoron.net
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

